сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 95
home Вести

Како се одвивало бегството на убиецот на Мартин Нешковски

Како се одвивало бегството на убиецот на Мартин Нешковски

Директорот на Управата за извршување на санкции Јовица Стојановиќ појаснува дека Игор Спасов на неколку часа го напуштил затворот „Идризово“, по што се вратил самиот, во придружба со друго лице.

-Според извештајот кој го имам, чуварите направиле вонредна контрола на полноќ и тогаш утврдиле дека Спасов не е во просторијата. Во 1.40 часот се вратил самиот, во придружба со друго лице, изјавил Стојановиќ.

Тој истакнува дека отсуството на Спасов не се смета за класично бегство, бидејќи тој не го прескокнал ѕидот на затворот „Идризово“, туку за оддалечување од затворот, бидејќи просторијата во која бил сместен се наоѓа надвор од ѕидините на затворот.

Информацијата зошто и кога Спасов бил сместен во ова отворено одделение на затворот треба да ги даде директорот на Идризово, Антонио Димов, но тој е недостапен.

Претседателот на Синдикатот на затворските чувари и администрација на КПУ „Идризово“ Антонио Стојчевски демантира дека осуденикот Спасов избегал од затворот Идризово, па се вратил назад.

Спасов е во самица бидејќи направил инцидент во кругот на затворот, односно го нарушил куќниот ред.

Коронавирус