четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 15
home Вести

Како почнаа така завршуваат, СДСМ не запира со заканите кон медиумите

Како почнаа така завршуваат, СДСМ не запира со заканите кон медиумите

Со приближувањето на датумот на предвремените парламентарни избори и кога анкетите покажуваат предност на опозицијата, владејачката СДСМ се чини се решава за очајнички потег да го засили ударот врз медиумите кои критички ја следат работата на актуелната власт, и кои не се под нивна контрола.

Вчерашната прес-конференција е финалниот чекор на очајноста на СДМС во своите настојувања да ги замолкне медиумите кои не ги контролира. Воедно досега ова беше и најјасниот обид на владејачката партија да ги инструментализира институциите на државата за воспоставување целосна контрола врз медиумската сфера, речиси издавајќи им наредба кои чекори конкретно да се преземат кон одредени интерент портали и телевизии.

Во опозиција јавно им се закануваа на медиумите, истото го продолжија и кога дојдоа на власт. Функционерите на СДСМ како да се натпреваруваат кој повеќе закани ќе испрати кон медиум кој е критички настроен кон нив.

Доколку се вратиме неколку години наназад, ваквите очајнички потези на СДСМ и нејзините функционери се покажаа како многу неуспешни, бидејќи не им донесоа ништо добро. Изборите во 2016 ги изгубија и покрај црната кампања, а локалните и претседателските успеаа да ги добијат на крајно сомнителен начин, со закани и уцени, а референдумот беше тотално фијско.

Зоран Заев, при објавувањето на „бомбите“ на прес-конференција, јавно посочи, а со тоа им се закани на медиуми во кој, тој и СДСМ гледале опасност.

Веднаш по доаѓањето на власт на Заев и СДСМ, новинари беа повикани на распит во полиција, а коментарот на екс премиерот беше дека тоа е нормално, неосновани тужби кон новинари, закани кон нив и нивното работење, како и праќање полициски службеници во редакциите со цел да се изврши притисок и заплашување на новинарите.

(Зло)Употребата на правосудните институции и органите на прогонот од страна на СДСМ на Зоран Заев, односно ставањето на Обвинителството или МВР во заштита на највисоките претставница на власта како алатки за притисок врз „неподобните“ медиуми кои ја известуваат јавноста за криминалот, започна уште минатата есен. А, само неколку месеци тогашниот премиер Заев од собраниската говорница изјави дека „повикувањето новинар во полицијата е многу нормална работа“.

СДСМ затоа мора да се потсетат на Декларацијата за слобода на политичка дебата во медиумите на Советот на Европа, каде наведено е:

„Јавните функционери мора да прифатат дека тие ќе бидат предмет на јавен надзор и критики, посебно по пат на медиумите во поглед на начинот на кој ги извршувале или ги извршуваат своите функции во онаа мера во која тоа е неопходно поради обезбедување транспарентност и одговорно извршување на функцијата“.

Поради тоа Македонија е на врвот во Европската унија, кон која нели СДСМ „најмногу“ се стрепел, според црната статистика за слободата на медиумите. Во ЕУ, 23 отсто од медиумите и новинарите се под директни cyдски зaкaни и политички притиcoк, а во Македонија тој показател е двојно поголем – 52 проценти.

Имено еден таков, за кого медиумите кои се критички настроени кон СДСМ е и портпаролот на СДСМ, Богданка Кузеска, кој вчера на прес-конференција им делеше совети на медиумите за тоа како работеле.

Ако се земат во предвид нејзините ставови во минатото, ќе се види дека Богданка Кузеска не била голем поддржувач на Заев и СДСМ, што ја натера портпаролката на СДСМ да го промени овој став?

Богданка Кузеска која впрочем доаѓа од медиумскиот сектор, била уредник во 24 Вести, новинар Канал 5… но Кузеска беше и новинар во А1 телевизија која беше затворена токму поради криминалното работење на нејзиниот сопственик.

Дали токму Кузеска е најдобар пример за дејствувањето на СДСМ – како од критички новинар, кој не ви одговара, да создадете новинар кој кога е за вас станува „добар, независен, професионален и објективен новинар.“ Па зошто да не и портпарол?

 

Ристе Здравков

Коронавирус