понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 45
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

„Како пандемијата ќе влијае врз студирањето и пазарот на трудот?“

„Како пандемијата ќе влијае врз студирањето и пазарот на трудот?“

УКЛО, Факултетот за безбедност-Скопје и Американскиот центар за образование денеска од 12:30 часот во рамки на онлајн  активности од областа на јавните политики ќе организираат е-дискусија на тема „Што велат студентите? Како пандемијата ќе влијае врз студирањето и пазарот на трудот? Дали има потреба од нови јавни политики?

Говорници во дискусијата ќе бидат проф. д-р Марјан Ѓуровски проректор на УКЛО и професор на Факултетот за безбендост-Скопје, проф. д-р Кирил Барбареев професор на Универзитетот „Гоце Делчев„, Алек Ицев менаџер за инженерство во Google, студентски лидери на УКИМ и УКЛО Борјан Ефтимов и Дона Петрова, Претставниците од Амбасадата на САД во земјава задолжени за образовна размена и алумни Газмент Илјази, за образование во САД Билјана Кузмановска Тасетовиќ и Никола Данев дипломиран на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Целта е поттикнување на активностите во високото образовните и во актуелните вонредни околности со цел мотивирање  на студентите преку електронска комуникација. Сесија  вклучува  дискуии  од професори од земјата и странствосподелување на практики за начинот на студирање денес и утре.  Потребен е сеопфатен и систематски пристап кон креирање јавни политики засновани врз принципите инклузивност и опфаќање на широк спектар на проблеми и сектори, воедно да одговори на глобалните ризици и закани

За своите активности и следења на предавањата и понатамошна практична работа студентите ќе добијат Сертификат од Факултетот за безбедност и Американскиот центар за образование. (МИА)

Парламентарни избори 2020