понеделник, 19. април 2021. Вести денес: 176
home Вести

Како лажеше Шилегов: На граѓаните им ветуваше поевтинување, а им донесе поскапување

Како лажеше Шилегов: На граѓаните им ветуваше поевтинување, а им донесе поскапување

Актуелниот градоначалник на Град Скопје, петре Шилегов, од функција на портпарол на СДСМ, пред две години дрско ги излажал македонските граѓани.

Пред да седнат со сопартијците на функционерски столчиња, Шилегов на граѓаните им претстави две решенија од програмата, која денес се покажува дека имн служела како лага за да привлечат гласови на избори.

Така, Шилегов во 2015-та година ветува: враќање на евтината тарифа на електричната енергија и укинување на паушалниот надоместок за парно греење за граѓаните кои се исклучиле од системот. Едноставно кажано, рече тогаш Шилегов, оние кои нема да користат парно, нема ниту да плаќаат.

Две години подоцна, СДСМ е на власт, а Шилегов е градоначалник на главниот град. Денес јасно може да се види како работи СДСМ и дека наместо помалку, на граѓаните им зема од џебот повеќе пари.

Прво се пофалија со враќање на евтината струја од 14 до 16 часот.  Но, евтината струја е само уште еден од евтините трикови на партијата на Зоран Заев која само сакаше да дојде на власт, без да се грижи за тоа дали нивните ветувања можат да се исполнат.

Кога домаќинствата ќе излезат на слободниот пазар кон крајот на следната година, евтината тарифа на струјата нема да постои, барем не во оваа форма.

Дали ќе има евтина тарифа од 14 до 16 часот во работни денови и цел ден во недела ќе зависи од понудата на снабдувачот кој ќе го избере секое домаќинство. Понудите можат да вклучуваат и различни термини за евтина струја, но тоа неизбежно ќе значи и ново подесување на електронските броила.

Второто ветување кое Шилегов го дава во 2015-та година испадна уште поголема лага.

БЕГ најавува дека парното ќе поскапи за 30% . Во изјава за Алсат, од компанијата велат дека за да плаќате иста сметка, по воведувањето на калориметрите ќе треба да го загревате домот 30% помалку.

-Корисник кој живее во просечен стан од 60 метри квадратни ќе почне да остварува финансиски заштеди доколку заштедите на топлинска енергија изнесуваат над 30% на годишно ниво, односно при 30% заштеда на енергија, финансиската заштеда изнесува 0%. За остварување 35 отсто заштеда на енергија потребно е просечната собна температура да се намали за 5 степени Целзиусови, што е под стандардите за здраво живеење.“ – велат од БЕГ за Алсат.

Предлог -законот за енергетика предвидува нов трошок за домаќинствата кои се приклучени на системот за парно греење, тврди Константин Димитров, еден од креаторите на новиот закон, пренесува ТВ 21.

Според него, граѓаните ќе треба да набават мерачи кои ќе бидат поставени на радијаторите за да  ја мерат потрошувачката на топлинска енергија, за да се формира месечната сметка. Ова ќе биде нов удар за луѓето кои одвај се снаоѓаат со своите приходи. Но зошто  владините министри не кажаа за овој трошок, иако имаа неколку прилики.

„Сите корисници треба да вградат мерачи на потрошувачката на топлинска енергија, а додека кај електричната енергија и гас тие мерни инструменти се обврска на снабдувачот – на операторот, е овде вели граѓаните тоа треба сами да си го платат. Тоа е едно значително оптоварување, да може секој дома да види колку има радијатори, грејни тела значи, од прилика по 50  евра за секој радијатор и таа дополнителна инвестиција би била од 200 до 300 евра по домаќинство“, изјави Константин Димитров од МАЦЕФ за ТВ 21.

Коронавирус