недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 23
home Вести

Како Фатиме, Ленче, Лиле, Бурим и компанија се најдоа во предлог законот на СДСМ за ЈО

Како Фатиме, Ленче, Лиле, Бурим и компанија се најдоа во предлог законот на СДСМ за ЈО

Професорот, Александар Даштевски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија жестоко го критикуваше предлогот на СДСМ за ново законско решение за јавно обвинителство. Според него законот е целосно исполитизиран, а во одредени делови дури е и контрадикторен самиот на себе. Старото СЈО сега треба да го замени новото обвинителство за организиран криминал, вели тој. За него сепак најпроблематично е тоа што Фатиме, Ленче, Бурим, Лиле и останатите обвинители од СЈО со „име и презиме“ се вметнати во Законот кој го предлага СДСМ. Персонални решенија нема во ниту еден закон, истакна тој.

-Се работи тука за многу исполитизиран закон со позадина, која што не би смеела да се дозволи, законот е дури и контрадикторен сам на себе. Сега сака да се имплементира, старото СЈО да стане ново СЈО само сега со овој закон и истите луѓе персонално, истите луѓе без Катица Јанева бидејќи таа е обвинета, сите јавни обвинители, што нема ниту еден закон персонални решенија тоа пишува во член 108, 109 и 110 од законот да преминат во тоа сега што се вика основно јавно обвинителство за организиран криминал и корупција. Сите да преминат таму и тоа со преодни завршни одредби со член 108, 109 и 110, вели Даштевски. Да се потсетиме дека јавноста остана запрепастена по обелоденување на аферата кеш каде беа објавени сите енормно високи хонорари кој ги добивале вработените во СЈО на чело со сега веќе поранешната специјална обвинителка Катица Јанева која е во домашен притвор и обвинета во случајот „Рекет“ како и останатиот тим зад неа.

Коронавирус