среда, 2. декември 2020. Вести денес: 172
Во живо

Протест во Куманово – „Оставка на Заев, слобода на народот“!

home Вести

Како е возможно за МВР, барање поткуп од страна на државна институција, поточно Агенцијата за лекови, да не е доволна причина да почне да постапува по службена должност

Како е возможно за МВР, барање поткуп од страна на државна институција, поточно Агенцијата за лекови, да не е доволна причина да почне да постапува по службена должност

Пред пошироката јавност се поставува прашањето, зошто повторно, по кој знае кој пат, кога станува збор за очекувана реакција по основано сомневање за сторено кривично дело, сведоци сме на целосен молк од надлежните институции?

Изминува речиси цела недела откако јавноста имаше можност да се запознае со сведоштвото на сопственик на фармацевтска компанија на кого му бил побаран поткуп или рекет од Агенцијата за лекови.

Прашуваме, дали и како е возможно за МВР, барање поткуп од страна на државна институција, поточно регулаторно тело, Агенцијата за лекови, да не е доволна причина да почне да постапува по службена должност?

Дали и зошто до сега нема разрешница на овој случај?!
Дали во суштина, наместо разрешница за случајот, следувало затворање на фирмата?

Но, за жал, дури и по изминати две години, од ниту една институција до овој момент нема никаков одговор.
Ги повикуваме и охрабруваме сите надлежни институции да се огласат во јавноста и да се произнесат околу овој случај.
Го повикуваме и министерот за здравство, господинот Венко Филипче, да ги поттикне надлежните да го разрешат овој сомнителен случај или благо речено скандал. Еве шанса пред пошироката јавност да се расчисти уште една од низата сомнителни криминални дилеми.

Со почит,

Синиша Стојаноски,
Претседател на Комисја за здравство при ВМРО-ДПМНЕ

Коронавирус