понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 102
home Вести

Како досегашниот „Шампионски“ статус во енергетиката ја доведе државата до закана од санкции од енергетската заедница

Како досегашниот „Шампионски“ статус во енергетиката ја доведе државата до закана од санкции од енергетската заедница

Неколку месеци наназад немаше ден власта на СДСМ  да не се пофали дека се „шампиони„ во енергетиката. Таквиот епитет произлезе од Енергетската заедница, но очигледно не траеше долго и вистинската слика започна да излегува на виделина. Во текот на вчерашниот ден, Претседателот на Енергетската заедница во изјава за телевизија Телма соопшти дека Македонија е под директна закана за санкции од Енергетската заедница, бидејќи со години доцни со имплементирање на Третиот енергетски пакет, според кој  иста компанија да не може да биде преносник на природниот гас и истовремено да врши дистрибуција.

Како може една држава која се прикажуваше како „шампион“ во енергетиката наеднаш да се соочува со започнување на прекршочна постапка и да биде под директна закана за санкции од Енергетската заедница? Повеќе од јасно е дека паѓаат маските со кои власта се обиде енергетиката да изгледа како „шампионска“ во очите на Енергетската заедница.

Ваквиот епилог беше повеќе од очекуван и истиот е резултат на неажурноста и непромисленоста на политичарите од калибарот на Заев и Анѓушев кои ја зедоа енергетиката во свои раце и опседнати со личните интереси го тргнаа на страна штитењето на државните интереси.  Доколку се работеше посветено водејќи се од државните интереси, немаше да има никаков проблем во исполнувањето на обврските и доцнење со имплементирање на Третиот енергетски пакет, ниту пак ќе бевме доведени до тоа  Претседателот на Енергетската заедница да ја даде оваа  негативна изјава за Република Македонија. Според него Македонија се наоѓа пред санкции, но грантот за енергетско поврзување со Грција доделен од ЕУ е веќе загрозен.

„Тој грант е веќе загрозен бидејќи Western Balkans Investment дадоа 12 милиони евра за тој проект и тој не може да почне се додека не се обезбеди сертифициран оператор на преносниот систем. Додека не се случи тоа раздвојување тоа го нема. Значи, тој грант е дефинитивно загрозен односно не може да се користи, додека не се среди ова.“- потенцира Копач.

Ваквите политичари, како “шампионите” од СДСМ во заминување, единствено успеаа да не доведат до закана од санкции, до загрозен грант и до нарушување на имиџот во разговорите за членство во ЕУ.

Коронавирус