сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 101
home Вести

Како дојдовте, така ќе си одите

Како дојдовте, така ќе си одите

Незаконски промовиравте прислушкувани разговори како “бомби“, а ве бомбардираа со вашиот криминал, непотизам и рекет, како и со аматерскиот пранк кој го доживеа премиерот. Со други зборови, “бомбите“ ве донесоа, “бомбите“ ќе ве изнесат од Илинденска број 2.

Бомбата ви се врати како бумеранг. Кога “експлодираа“ вашите “бомби“, јавноста можеше да види со какви бомбардери си имаше работа пред неколку години, додека бевте во опозиција.

Странски инвестици сведени на нула, имаме патишта како после ратишта, младите иднината ја гледаат во Германија, најавувате европска демократија-донесовте комунизам…

Сте се запрашале зошто инвестициите ви се сведени на нула? Затоа што главни советници во владата ви се Љубе Бошковски, командант Вентили, Бекир Асан-Беќо, Александар Ружин. Сте ја прочитале нивната биографија? Затоа се на нула друже Заев!

Имаме патишта како после ратишта, затоа што само знаете да раскопате, а неспособни сте дури и само да закрпите а камоли нов асфалт да ставите.

Раскопани улици, дупки, е секојдневна глетка. Возачите ги кинат гумите ги кршат автомобилите. Ни велат да одиме со велосипеди на работа, а по кои улици? По „Јајапаша“? Да возиме низ Топанско поле? Низ Бутел? Незнаеш што попрво би ти се случило. Дали ќе завршиш во некоја болница поради скршеници или некое куче ќе те изеде.

Во светот зграда од шест спрата се гради за шест дена, кај нас улица од шеесет метри се реконструира шест години и пак нешто ќе и фали.

Ветивте дека ќе ги вратите младите кои отишле да работат надвор од Македонија, а како што стојат работите уште толку ќе си заминат до крајот на вашиот мандат, а не сте ни цели четири години власт.

Врескавте дека нема демократија, а ни донесовте комунизам и тоа од оној најлошиот, ако некој само накриво ве погледне би го пратиле на „Голи оток“ да можете.

Во комунизмот не смееше да се помисли нешто против Тито, а камоли да се напише, е истото го пративте сега вие.

Ќе ги регулирате, а во иднина и казнувате неистомислениците, во иднина најверојатно и со закон, со изговорот дека е „фејк нуз“, а кој одлучува за тоа, вашите советници “ЕКСПЕРТИ“ на кои не им се знае точниот број? Вие лично премиере, бидејќи како тргнала работата сте во состојба да бидете и министер и директор и се останато во сите институции во државава?

Што ви смета? Тоа што на површина ви излегоа криминалите? Насилниците од вашите редови? Вашата неспособност?

 

Ристе Здравков

Најнови вести

Коронавирус