четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 1
home Вести

Како датумот за старт на преговорите за кој говореше власта стана блокада?

Како датумот за старт на преговорите за кој говореше власта стана блокада?

Тенденциозно поставување на Македонија во пакет со Албанија, на патот кон ЕУ беше една од првите погрешни дипломатски стратегии на актуелната власт. Ова е став на добар дел од политиколошката јавност во државата, која деновиве се обидува да направи паралели: како во овие 4 години од земја со загарантирано стартување на преговорите, како што тврдеше владата, станавме земја која сега и во следните години, може само да сонува за истото. Или пак владата постојано знаеше дека ништо нема да добиеме, ама неопходни им беа ветувања за да можат да ги реализираат сопствените цели? Но ајде со ред, хронолошки, анализира Makpress.

Анализата на порталот Makpress ви ја пренесуваме во продолжение:

НИКОЛОСКИ: ОСМАНИ, ДАЛИ ИМАТЕ ДОГОВОР СО АЛБАНИЈА НАМЕРНО ДА СЕ УСПОРУВААТ РЕФОРМИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА?

Откако јавноста не виде продуктивна реализација на плановите 3-6-9 и 18 менторирани од Бујар Османи како вицепремиер за европски прашања, следеше тивката најава дека земјава ќе биде ставена во пакет со Албанија кога ќе се одлучува за датум на отворање на преговорите. Стратешки, македонската дипломатија тоа не го спречи.

-Сакам да го прашам Османи дали е вистина дека има договор со министерот за надворешни работи на Албанија, Бушати, да намерно се успоруваат реформите во Република Македонија, со цел катастрофалното ниво на реформи на Албанија да не е толку забележително и Македонија и Албанија да бидат во исти пакет во делот евроинтеграциите, праша на 5 април 2018 година потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски. Но одговор никогаш не доби, ниту тој ниту македонската јавност. А се случи токму тоа, па Македонија во јуни не доби датум, немаше реализирано доволен степен на реформи токму од споменатите планови и влезе во иста група со Албанија.

Брисел тогаш испорача 4 конкретни забелешки за кои се очекуваше да бидат променети, до јуни 2019 година: реформа на администрацијата, реформи во безбедносните служби и борба со организираниот криминал и корупција. Но од сите единствено се донесе реформа во безбедносните служби пред се на хартија, за што и опозицијата даде поддршка. Од другите немаше ништо. Сепак датум за почеток на преговорите немаше ни во јуни, а на земјава истовремено ја тресеше најголемиот скандалозен криминал можеби во македонската историја, случајот „Рекет“.

ТИМОНИЕ: НИКОГАШ НЕ РЕКОВМЕ ДЕКА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР Е ДОВОЛЕН ЗА ЕУ, ИМАШЕ УСЛОВИ, ГИ ИГНОРИРАВТЕ

Правната држава беше проблем и во следниот извештај, во октомври истата година. Македонската влада се обидуваше да ја префрли топката кон Франција и уште неколку држави кои укажуваат на проблемите со владеење на правото, за тоа дека незаслужено одбиваат да го аминуваат стартот на преговорите со ЕУ. Не погледнувајќи самокритично во себе, владата очекуваше поддршка а тоа го вети, со конкретен датум неколку пати. Но никогаш не се случи. Тогаш францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, директно и без ракавици ја кажа вистината, која ја урниса розевата слика што Владата се обидуваше да ја креира за себе. „Некои луѓе дадоа ветувања, а потоа ги префрлија на други да ги исполнат“, рече Тимоние. Тој објаснуваше дека во јавноста се создавал впечаток дека Преспанскиот договор ќе биде доволен за почеток на преговорите, но Франција поставувала и други услови кои биле игнорирани.

-Преспанскиот договор беше предуслов за да се расчисти патот, но потоа следуваа други услови. Тоа им беше пренесено и на нашите грчки и македонски соговорници. Таа перспектива беше загубена попат”, тврди Тимоние. Тој обвини дека во пресрет на самитот на ЕУ се правеле „маркетиншки трикови” за да се добие впечаток дека земјата ги исполнила сите задачи за да добие зелено светло за почеток на пристапните преговори.

САМИ ВО ПРОЦЕСОТ, ОТФРЛЕНИ СИТЕ ИНИЦИЦИЈАТИВИ ЗА ЦРВЕНИ ЛИНИИ ОД ВМРО ДПМНЕ

Кардиналните договори во меѓувреме беа причина за активација на соседите, и тоа за власта неочекуваното : ударот најсилен и најбрзо стигна од Бугарија. Директна блокада, која кога почна беше квалификувана од македонските официјални лица како модел на популизам што Бугарија се обидува дома да го оствари бидејќи е во предизборие, па не реагираше никако. Потоа фаворизираше да премолчи и да не враќа на бугарските уцени, за да кога сфати што се случува конечно да им признае на своите граѓани, дека Бугарија ќе не блокира.

И за целото ова време Владата ја одбиваше поддршката и иницијативите од опозицијата да се изградат црвени линии, не наидуваше на прифатеност. Впрочем за исклученост од процесот говореше и последниот македонски амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев, кому мандатот не му беше продолжен а му заврши на 31 март 2020. Оттогаш во клучните периоди за државата, Скопје нема свој амбасадор во Софија.

-Исклучен бев и во термалната фаза пред потпишувањето на добрососедскиот договор, едноставно македонската влада повеќе не ме земаше предвид како и сугестиите што во форма на извештаи ги доставував до нив за тоа што треба да стои во договорот, рече Марјан Ѓорчев на 13.11.2020.

Владата не прифати ниту лидерска средба на која инсистираше опозицијата, повторно за дефинирање на црвените линиии, и заедничко договарање како понатаму. Едноставно продолжи сама во процесите.

Сега Македонија е на крајот од годината 2020, блокирана на патот кон ЕУ од Бугарија, а веројатно уште многу време така и ќе остане. Освен ако не ги прифати сите услови што Бугарија ги бара. А тие се однесуваат на бришење на македонската историја.

Најнови вести

Коронавирус