понеделник, 6. декември 2021. Вести денес: 65
home Вести

„Како да сум најголем криминалец, со ротации и одземени документи не спроведуваат на наводно вршење на технички преглед на возилото, односот на полициските службеници е целосно непрофесионално“

„Како да сум најголем криминалец, со ротации и одземени документи не спроведуваат на наводно вршење на технички преглед на возилото, односот на полициските службеници е целосно непрофесионално“

Кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски денеска е следен од возило на МВР, застанат без
образложение и земени му се документи.

„Еве сега во моментов како да сум најголем криминалец во државата, а не градоначалник на најголемата општина. Со ротации ми ги одземаа документите и не спроведуваат на наводно вршење на технички преглед на возилото, иако возилото е ново, со уредно полномошно за управување, согласно сите законски нормативи и прописи. Сепак, на овој начин јас лично се онеспособувам да ја работам мојата работа како градоначалник и кандидат во рамки на изборната кампања. Односот на полициските службеници е целосно непрофесионален, може да видите дека на возилото се запалени ротации и не насочуваат, каде ќе не носат не знам“, вели Максим Димитриевски.

Најнови вести

Коронавирус