среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 107
home Вести

Како да се елиминира стравот дека се подготвува лажирање на резултатите од пописот

Како да се елиминира стравот дека се подготвува лажирање на резултатите од пописот

Машините за регистрација на граѓани на пописот со кои преку дигитална евиденција на отпечатоци од прсти ќе се дојде до реалниот број на населението во Македонија се лесно достапни и можат да стигнат навреме пред пописот закажан за април годинава.

Откако претседателот Стево Пендаровски изјави дека се согласува со идејата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за регистрација на граѓани со диктислен отпечаток од прст но се плаши дека тие нема да стигнат навреме, од Швајцарија доаѓа информација дека нема проблем ниту со цената на набавката ниту со рокот на испорака пред закажаниот попис.

Македонскиот бизнисмен во Швајцарија Васко Белески со допис до емисијата “Заспиј ако можеш”, на ТВ Алфа открива дека 10 илјади машини за регистрација преку отпечаток од прст чинат околу 190 илјади евра што е минорна сума за пописот кој ќе чини над 5 милиони евра.

Белески уверува дека машините се лесно достапни и можат да бидат пристигнати во македонија до 1 март, на еден месец пред закажаниот попис со што ќе има доволно време за обука на попишувачите.

Бизнисменот кој истражувал како може да се дојде до овие апарати кои се лесни за управување вели дека тие се употребуваат во повеќе земји за изборни или пописни операции.

Апаратите таботат со поврзување на оперативните програми Виндоус на компјутери и Андроид за мобилни телефони.

Набавката на машините нема да биде проблематична затоа што постојат повеќе фирми кои што за краток рок можат да достават доволен број за македонските потреби.

Најнови вести

Коронавирус