четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 76
home Вести

Како да постапите ако имате потреба од медицинска помош за време на полициски час? Злоупотребите ќе се казнуваат!

Како да постапите ако имате потреба од медицинска помош за време на полициски час? Злоупотребите ќе се казнуваат!

Граѓаните кои имаат потреба од итна медициска помош за време на полициски час, можат без никаква дозвола да појдат до здравствена установа. Доколку бидат запрени од полиција потребно е да кажат каде одат, а доколку пак тоа го злоупотребат ќе следат санкции.

Ова денеска го соопшти дополнителната заменичка на министерот за внтарешни работи Славјанка Петровска одговарајќи на прашање на информативанат видеосесија на Владата. Таа информираше дека кога некому му е многу лошо, а во тој случај времето е драгоцено, граѓаните нема да имаат потреба да се јавуваат на 192 нуту да бараат дополнителна дозвола за движење.

-Доволно е  да се упатат до најблиската болница и доколку бидат сопрени од полициските патроли доволно е само да кажат дека од здравствени причини се упатуваат до одредена ликација и точно да кажат во која болница се упатуваат. Тие ќе бидат евидентирани и ќе бидат пропушени, појасни Петровска.

Дополнително, рече таа, полицијата ќе изврши контрола преку систем дали навистина лицето се упатило на таа адреса. Доколку се потврди дека лицето е таму и се наоѓа во некоја здравствена установа ќе нема никакви реперкусии, но доколку се утврди дека го злоупотребил полицискиот час ќе следат санкции.

Коронавирус