сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 98
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Како да ги заштитиме децата од опасностите со кои имаат контакт преку интернет?

Како да ги заштитиме децата од опасностите со кои имаат контакт преку интернет?

„Безбедни на интернет“. На ваква тема битолската полиција, со Центарот за социјални работи, Црвениот крст и психолози седнаа со децата да разговараат, односно да превенираат немили настани поттикнати или предизвикани преку интернетот.

Родителите не беа таму, но препораките напишани на флаерите ќе ги добијат дома преку нивните деца.

„Од Отсекот за превенција при СВР преку одржани низа предавања во основните и средните училишта дојдовме до сознанија дека на интернет мрежите постојат игри кои се опасни и со ризик по здравјето на децата, затоа покренавме иницијатива да ја подигнеме свеста кај родителите и децата да им укажиме на што треба да внимаваат“, рече Сања Стаматова портпарол на Битолската полиција.

Во текот на целата учебна година Отсекот за превенција од СВР Битола со едукативни предавања низ училиштата во градот.

„Додовме до созанние дека нагло е зголемен сајбер булингот или психичкото малтретирање кај децата додека користат интерент. Децата како најмала група се вовлекуваат во некои страници кои не се за нив и се малтретирани на некој начин. Добиени се и сознанија дека се премолчуваат некои работи. Сакавме во делот на превенцијата да им укажеме кои се постапките, со кои треба да комунициираат и каде да пријавуваат“, вели началникот на Отсекот за превенција при СВР Битола , Сашо Гилевски.

Мал број на пријави имало досега, а за последниот случај со играта „Момо“ за која информираа медиумите, полицијата смета дека повеќе прашина кренале медиуми, отколку што реално се случило.

„Проблемот е и од психолошки аспект голем зашто времето поминато на интернет го скусува времето за другите активности за учење, спиење, дружење, комуникација со семејствата, односно директната комуникација. Кај игрите е пропишано на која возраст треба да се користат, голем дел се за над 13 или 16 годишна возраст. Кај нас реалноста е поинакава и децата на било која возраст можат да пристапат. Тоа е одговорност на родителите, треба да ги следат и да можат да им помогнат пред да се развијат зависности“, рече Кочанковски.

Ако некогаш интернетот претставуваше средство за информирање и се користеше повремено, денеска тој за жал стана наша секојдневна преокупација и опасно место за сите, а најмногу младите кои лесно можат да бидат заведени од опасните игри на интернетот.

Извор: ТЕРА

Коронавирус