среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 180
home Вести

Како членот 110 од новиот закон за ЈО го ослободува Заев од идните „бомби“

Како членот 110 од новиот закон за ЈО го ослободува Заев од идните „бомби“

Доцна синоќа на вонредна владина седница, криумчарски и подмукло, Владата го утврди текстот на Предлог-законот за јавното обвинителство за кој е одлучено да оди на усвојување во Собранието по скратена постапка. Законот е протуркан спротивно на Уставот и законите и меѓународните правни стандарди.

Со ваков Закон за ЈО, најмногу добива Зоран Заев и неговите соработници, а тоа најубаво е пресликано во членот 110.

Според овој член, ЈО нема да може да го заснова обвинението врз основа на незаконски прислушувани материјали. Исклучок на ова се предметите поднесени до наделжниот суд до 30 јуни 2017 година.

Снимките и транскриптите, пак, за предметите покренати до 15 септември 2019 година, ќе можат да се користат само како индиции, но не и како докази, ниту пак како основа за поднесување на обвинение. Згора на тоа, овие снимки и транскрипти, ќе се уништуваат во рок од три месеци по завршување на постапките.

Ова значи дека правдата не е еднаква пред сите или дека сте се еднакви, но некои се понееднакви од другите.

Таков е лидерот на СДСМ, кој во паника од анкетите кои покажуваат тежок пораз на партијата на парламентарните избори, се обиде да создаде паника и тензија дека Законот за ЈО мора да се донесе, и тоа мора да се донесе одма. За ова напомош повторно притрчаа „осумте“ кои и овојпат ветија дека ќе притрчаат во испомош за гласање.

Со овој член 110, Заев и неговите, директно се ослободуваат од евентуалните инкриминирачки снимки, за кои се погласно се зборува дека постојат и дека би обелодениле доста.

Пред помалку од еден месец, новинарот Зоран Божиновски ја објави целата снимка од „Поткуп“. Иако на неа јасно се гледа како Заев извршува кривично дело, тој беше ослободен од страна на Весна Димишкова, истата судијка која го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ по барање на СЈО, за веднаш потоа биде повикан и уценет и претседателот на партијата Христијан Мицкоски од страна на Катица Јанева, за возврат доколку се одмрзне имотот на партијата на ВМРО-ДПМНЕ, да биде дадена поддршка од страна на партијата за продолжување на мандатот на специјалната обвинителка.

Неодамна, исто така, објавени беа детали за тоа како браќата Заеви потплаќале граѓани за победа во Струмица на локалните избори, но за најавената нова главна обвинителка Вилма Рускоска, тука немало основ за гонење.

ИЗВОР: РЕПУБЛИКА

Коронавирус