сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

„Каевски си ги носи другарите на службените патувања“

„Каевски си ги носи другарите на службените патувања“

Продолжение на лагите и манипулациите на Дарко Каевски ⬇️⬇️⬇️
Директорот на АМС и актуелен претседател на СДММ, на патувањето во Хрватска и Словенија, односно на Европското Првенство во ракомет во 2018 година, не бил сам. Тој со себе ги понел и своите другари, сопaратијци и колеги вработени во АМС, Стефан Степаноски и Јован Гиовски.
Исто и тие како него, наводно, биле на службено патување поради потребите на Агенцијата и тоа во траење од рекордни 12 дена на сметка на државата.
За тие 12 дена, нив им се исплатени државни пари за дневници, за патни и дневни трошоци, патувајќи со службено возило.
Според овие податоци, Каевски ја има претворено Агенцијата за млади и спорт во туристичка агенција.
АМС Турс под водство на Каевски и СДСМ, по сѐ изгледа ја има прошетано социјалдемократската младина на државни трошоци по Европски првенства, натпревари, посети на држави и којзнае уште што не.
Најавуваме уште материјали за лагите и скандалите на младиот Каевски во наредните денови!
На ова елитистичко изживување врз Македонија и македонскиот спорт му се гледа крајот! Се вели во Фејсбук статусот на комисијата за спорт на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус