четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 71
home Вести

Каде се стопија 120 милиони евра од буџетот на Република Македонија?

Каде се стопија 120 милиони евра од буџетот на Република Македонија?

Направен е смислен и организиран грабеж на буџетот. За три месеци потрошиле 120 милиони евра за корумпирање избори, економијата е пред колапс, обвинува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според Мицкоски извршен е буквално смислен грабеж на економијата во првите три месеци од годината со цел да се покријат изборите кои требаше да се случат, кога се потрошени 43 проценти од буџетскиот дефицит планиран за целата година, или 120 милиони евра.

-Потрошиле 120 милиони евра повеќе од тоа што собрале во буџетот, додека нас нé убедуваа дека блескаме и дека буџетот е ликвиден. Или со други зборови го задолжиле секое македонско семејство со дополнителни 15 илјади денари во просек само од почетокот на годината заклучно со крајот на месецот март.Оваа состојба денес надополнета со корона кризата е уште полоша, посочи Мицкоски.

Прашањето кое логично се поставува и она кое граѓаните мора да го знаат е: Каде се стопија 120 милиони евра од буџетот на Република Македонија?

За коронавирусот маски и заштитна опрема добиваме како донација, а да помогнат се повикани граѓаните од страна на власта. Луѓе останаа без работа, економските мерки не донесоа помош на најзагрозените, што значи дека овие пари Владата не ги вложи да помогне во овие тешки моменти.

Не беше направен ниту еден капитален проект, граѓаните не видоа ништо добро изминатиов период од Владата. Не се потрошени пари за проекти и мерки кои ќе ги решат реалните проблеми на народот.

Изборите закажани за 12-ти април не се одржаа. Не беше ниту започната кампањата. Владата ниту за ова нема потрошено пари. Изборите беа одложени поради епидемијата на коронавирус.

Болните деца кои на лекување заминуваат во странство, добиваат помош од хуманите граѓани. Владата не вложи пари овој период во здравството ниту пак во здравјето на граѓаните.

Земјоделците буквално молат да ги добијат субвенциите, пари кои со мака ги заработуваат. Владата не покачи субвенции или парична помош за да може да кажеме дека дел од парите отишле таму.

Училиштата и градинките не работат, не е инвестирана никаква сума за нивно одржување или реновирање.

Ветувањата за поголеми пензии и плати испаднаа лага, покачувањето се оствари половично колку да може да биде утре обид за манипулација кога на Заев ќе му требаат гласови.

Ова се само дел од работите каде помош од Владата е и повеќе од потребна. Но, никој од овие категории не доби владина помош. Парите сепак ги нема.

Железните опинци никако да тргнат

„Народот е економски немоќен и бара излез за достоинствен живот. Железни опицни ќе облечам, просечна плата од 500 евра во Македонија ќе има“, рече Заев минатата година.

Некако, опинците не тргнаа. Просечна плата од 500 евра нема, а дел од оние кои ја очекуваа изминатиов период останаа и без работа.

Пензионерите останаа изиграни. Во очи ги лажеа дека добиле покачувања на пензиите.

Каде  е обвинителството да истражи каде исчезнала волкава сума на пари? Тоа се пари земени од џебот на македонските граѓани. Додека народот едвај скрпува крај со крај, живее во страв од епидемијата и се бори секојдневно за егзистенција, некој дрско ги краде неговите пари.

Одговори и одговорност мора да има за 120 милиони евра “стопени“ пари.

Коронавирус