петок, 13. декември 2019. Вести денес: 130
home Вести

Каде исчезна пријавата за малтретирање на семејството Митревски?

Каде исчезна пријавата за малтретирање на семејството Митревски?

МВР треба да одговори каде е пријавата на семејството Митревски кое тврди дека на 7 месецов ја доставиле до Внатрешната контрола, каде навеле дека претходниот ден биле малтретирани од сообраќајни полицајци на булеварот Трета Македонска Бригада во Скопје. Во сведоштво за Алфа, семејството тврди дека не само што ги посочиле насилните полицајци со име и презиме туку и приложиле фотографии. Митревски посочуваат и кај кој инспектор пријавиле во Внатрешна контрола, иако од Министерството во петокот ни кажаа дека таков случај не е пријавен. Доколку вработен во внатрешна контрола сокрие пријава или сака да заштити полицајци кои постапувале незаконски подлежи на кривична одговорност. За целиот случај информиран е и Хелсиншкиот комитет.

Митревски правдата ќе ја бараат на суд. Тврдат дека во средата, полицајци брутално се однесувале со нив, пред очите нас нивниот малолетен син. Марјан го влечеле 15 метри, го уапсиле и во станица го држеле 6 часа. На сето оваа му претходело расправија околу наводен сообраќаен прекршок, кој според полицајците го направил Марјан, тој пак тврди дека воопшто не се огрешил пред законот.