среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 142
home Вести

„Каде е училиштето во Тетово кое ветуваа дека ќе го реконструираат?“

„Каде е училиштето во Тетово кое ветуваа дека ќе го реконструираат?“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при гостувањето на „Топ Тема“ на Телма потсети на многубројните ветувања на оваа власт која ги ветува, но не ги исполни.

-Ќе дојде први октомври ќе останат реалните проблеми за граѓаните, луѓето ќе се прашуваат како да поминат од први до први. Ќе останат оние криминални тендери во здравството, криминалните иновации во рамките на раководењето со институциите на оваа Влада. Мускули на терен ќе се покажуваат, луѓе ќе се апсат, ќе се притискаат, нагласи Мицкоски.

Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со сите свои сили кои што ги има на располагање да се спротивстави на таквиот начин на политики од страна на владејачкото мнозинство.

-Рековме дека нема да ги искористиме средствата за кампања и замоливме да се пренаменат тие средства за изградба на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, тој дел од каде што треба неколку паралелки да посетуваат настава. И излезе министерот и излезе тогашното локално раководство на СДСМ и вели – „Има тендер, сега еве предвидени се пари, почнуваме во септември“, но септември веќе заврши, до каде е изградбата?, запраша Мицкоски.