четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Кацарска судството во Македонија за едни мајка, а за други маќеа

Кацарска судството во Македонија за едни мајка, а за други маќеа

Јавноста бурно реагираше вечерва по одлуката на Апелациониот суд Катица Јанева да оди во куќен притвор.

По оваа одлука денеска со своја реакција излезе и опозициската ВМРО-ДПМНЕ која вели дека да ја најдеа и торбата Луј Витон сигурно и неа ќе и ја вратеа сосе илјадниците евра, но нема потреба бидејќи не ја ни бараа.

-Да не беше трагична, одлуката за ослободување на Катица Јанева од притвор ќе беше смешна. Нема подобар пример за функционирањето на Кацарска судството и Русковска обвинителството од начинот на кој што ја водат истрагата за случајот Рекет. Од самиот старт првин негираа дека постои предмет, а Зоран Заев обвинуваше дека се било конструкција на еден суетен новинар и едно лице со поинаква сексуална определба. Бидејќи пред фактите и боговите молчат, Зоран Заев мораше да се согласи неговата Русковска да отвори истрага, но до последен момент ја бранеше Катица Јанева. Додека некои беа во притвор Катица Јанева си беше на плажа и ги губеше телефоните. После тоа следуваа изјави дека немало инволвирани функционери, па под притисок на јавноста мораше Фрики да биде процесуирана, откако и таа претходно ги изгуби двата телефони, стои во нивното соопштение од јавноста.

Од партијата додаваат дека повеќе од јасно е дека сме сведоци на сценариото кога се реализираат спогодбите со инволвираните во аферата „Рекет“ само за да не ја откријат нивната врска со главата на октоподот Зоран Заев. Ова не е правна држава. Ова мора да се смени и ќе се смени откако криминалот и корупцијата ќе бидат поразени на 12-ти април.

Инаку со последната одлука на Апелациониот суд уште еднаш се става на тест Кацарска судството кое за едни е мајка за други маќеа.

Инаку доказ за сето ова се одлуките уште пред неколку месеци прво за ослободување на второ осомничениот во случајот „Рекет“ Зоран Милевски- Кичеец, а денеска и на ослободувањето од притвор на Катица Јанева.

Кичеец инаку беше ослободен на 19 септември, додека два месеци подоцна на истиот датум и поранешната шефица на СЈО.

За потсетување судијката Добрила Кацарска експресно и драконски ги казни обвинетите за настаните од 27 април.

Поранешниот директор на Биро за јавна безбедност Митко Чавков  доби највисока казна од 18 години затвор за настаните од 27-ми април.

По 15 години затворска казна добија полициските началници Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски – Леви, разузнавачот Мунир Пепиќ, Јане Чентo, Влатко Трајковски и Никола Митревски- Кољо.

Вилијам Михајловски доби 14 , а Оливер Поповски 13 години затворска казна.

По 12 години добија Младен Додевски, Горанче Анѓеловски и Игор Југ.

Обезбедувачот на поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски- Оливер Радулов доби 10 години затвор, а вработениот како обезбедување во Собранието Абдуљфета Алими доби 7 години. На обвинетиот Александар Василевски – Нинџаму е изречена казна затвор од 8 години.

Игор Дурловски, еден од водачите на „За заедничка Македонија“ доби ослободителна пресуда, односно истиот се ослободува од обвинението.

Осудените се теретеа за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност“.

Уште еден доказ дека обвинетите во случајот „Рекет“ експресно се ослободуваат со „бледа“ гаранција од три стана е голготата која ја поминаа Игор Дурловски и Елена Божиновска кои беа во притвор како обвинети за настаните на 27 април, а јавноста добро го памети и губењето на третото дете на бремената Елена поради хоророт и апсењето кое го преживеа.

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 во јануари 2018 година го прифати барањата на Обвинителството и на оперскиот пејач Игор Дуловски и Елена Доцевска-Божиновска, вработена во Собранието на Република Македонија, притворот им го замени со куќен притвор.

Божиновска и Дурловски беа меѓу приведените за настаните од 27. април во Собранието, кои се сомничea за тероризам.

Во домот на семејството на Елена, Божиновски, до скоро било забрането да се ѕвони на врата, бидејќи нејзините деца Софија и Наум, во секој момент ја очекувале нивната мајка.

Божиновска е мајка на две деца на возраст од 2 и 1 година, а го загуби трето кое беше на пат поради приведувањето.

 

Познато во јавноста е и дека медиумите со месеци објавуваат дека предметите против Заев се развлекуваат по 5 години или не завршуваат, а предметите против неистомислениците експресно завршуваат.