петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 195
home Вести

Кацарска само ја исчита пресудата изречена на 1ТВ- Дали за неа важи Европската конвенција за човекови права?

Кацарска само ја исчита пресудата изречена на 1ТВ- Дали за неа важи Европската конвенција за човекови права?

Дали судијката Добрила Кацарска ја прекрши Европската конвенција за човекови права предвреме прогласувајќи го за виновен помошник министерот за внатрешни работи задолжен за јавни набавки, Ѓоко Поповски прекршувајќи ја презумцијата за невиност се додека не се докаже спротивното? Таа во интервју за 1 ТВ во сопственост на Бојан Јовановски попознат како Боки 13 кој што сега се терети за случајот „Рекет“ ја најави денешната пресуда пред речиси 1 година.

Денес поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски Кацарска по втор пат го прогласи за виновен за делото злоупотреба на службената положба во предметот „Триста“ на СЈО кој се однесува на набавката на 300 возила во Министерството за внатрешни работи. Поповски и во првото судење доби девет години затвор, но предметот падна на Апелација и се врати на повторно судење.

За 1 ТВ, Кацарска изјави:

-Да не заборавиме и во предметот Тенк и во предметот Триста, Ѓоко Котевски е обвинет за исто дело, два предмети се отворени за периодот кога тој бил помошник министер за јавни набавки и во двата предмети се работи за исто кривично дело. Двата предмети ги работев јас. Не се согласувам дека во моментот кога ја донесов одлуката дека немало доволно отежителни околности.

Европската Конвенција за човекови права, поточно членот 6 став 2 е дециден, секој обвинет се смета за невин се додека не се докаже неговата вина. Во овој момент Кацарска прогласува за виновен невин човек со оглед на фактот што Апелациониот суд ја отфрли пресудата.

– Секој кој е обвинет за кривично дело се смета за невин сé додека неговата вина не се докаже по законски пат, гласи член 6, став 2 од Европската Конвенција за човекови права.

Коронавирус