недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 40
home Вести

Кабранов: Во 1ТВ добивав само хонорар од 50.000 денари, па ми го покачија на 70.000

Кабранов: Во 1ТВ добивав само хонорар од 50.000 денари, па ми го покачија на 70.000

Главниот уредник на 1ТВ, Ацо Кабранов, по објавата на Канал 5, дека телевизијата истражува дали дел од новинарите на 1ТВ покрај високите хонорари, добивале и рекламно време, одговори преку својот профил на Фејсбук дека од 1 ТВ добивал само хонорар од 50.000 денари и ништо повеќе.

„Свесен сум дека 1ТВ и пред тоа беше, но со аферата појачано ќе биде вреќа за боксирање и офирање на, како не викате, ѕвезди, бардови и слично. Јас како главен уредник од првиот ден имав хонорар од 50 илјади денари, не евра, да не се збуните и целиот износ го примав, не на рака туку преку авторска агенција со платен персоналец.

Последните два месеца менаџментот самоиницијативно ми го покачи хонорарот на 70 илјади, а после сам го прекинав ангажманот од здравствени прицини. Се ова околу сумите има во авторска агенција а имам и јас дома, може да ви ги дадам на увид.

Рекламни минути ни во оваа како во ниедна телевизија каде сум бил, сум немал, така да се што сум добивал од 1ТВ е документирано во авторска.

Да ви помогнам докрај во истражувањето. Да, од Бојан за роденден добив кошула и марама и тоа е се.

Ве охрабрувам да истражите се, но да не се заобиколите себеси и сестринските медиуми“, пишува Кабранов.

Извор: ПлусИнфо

Коронавирус