сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 46
Во живо

Протест – „Или Заев или Македонија, оставка сега за да не биде предоцна“

home Вести

Кабинет на Иванов: СДСМ се нервозни поради несупешниот спин за 27 април

Кабинет на Иванов: СДСМ се нервозни поради несупешниот спин за 27 април

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија остро реагира на соопштението на СДСМ и истото го оценува како очаен обид да се обвини Генералниот секретар на Кабинетот, г. Борис Јосифовски за наводна вмешаност во настаните од 27 април.

Во продолжение интегрално Ви ја пренесуваме реакцијата од кабинетот на Претседателот Иванов до СДСМ

Ја разбираме нервозата кај СДСМ поради неуспешното спинување на вистината околу 27 април и прикривање на катастрофалните грешки, како и сопствената неспособност во водење на државата, но со цел да спречиме натамошно шпекулирање и ширење на дезинформации, сакаме да ја информираме јавноста дека присуството на Борис Јосифовски во штабот на ВМРО-ДПМНЕ на 27 април не е непознат факт.

Генералниот секретар на Кабинетот на Претседателот во Основното Јавно Обвинителство уште во месец ноември, минатата година, под целосна морална и правна одговорност даде детален исказ за сите негови движењa и остварени контакти, и одговори на сите поставени прашања.

Ја потсетуваме партијата СДСМ, дека Борис Јосифовски е член на ВМРО-ДПМНЕ и како член на таа партија нема ништо спорно да биде присутен во седиштето на партијата. Истовремено посочуваме дека присуство, не подразбира и инволвирање во конкретни активности. Присуството на Јосифовски во штабот на ВМРО-ДПМНЕ на 27 април беше со цел да оствари договорена средба што нема никаква поврзаност со какво било координирање на некакви активности за наводно прогласување на воена, или вонредна состојба. Откако беше повикан од страна на Претседателот Иванов со цел да го свика Кабинетот, Јосифовски се врати на работното место.

Согласно Уставот на Република Македонија, слободата на движењето е загарантирано човеково право, освен ако во меѓувреме не настанала нова реалност, за која не знаеме.

Коронавирус