вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 1
home Вести

Јункер: Нема притисок од ЕУ за решавање на името

Тој одби да одговори и на прашањето на новинарката за тоа дали е оправдано барањето на Грција Македонија да го менува Уставот.
Јункер: Нема притисок од ЕУ за решавање на името

Престедателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, по враќањето од турнејата на Западниот Балкан, за Еуроњуз изјави дека Европската Унија не врши притисок врз Македонија и Грција за решавање на името.

–  Притисокот не е алатка која треба да ја употребуваме. Ги охрабруваме Грција и Поранешната Југословенска Република Македонија  да изнајдат решение за прашањето за името, ангажирани се во преговори, ние не треба да интервенираме, вели Јункер.

Тој одби да одговори и на прашањето на новинарката за тоа дали е оправдано барањето на Грција Македонија да го менува Уставот. (МИА)