петок, 4. декември 2020. Вести денес: 10
home Вести

„Југохром“ се уште не работи- 800 луѓе се на работ на егзистенција заради неисполнетите ветувања на Владата

„Југохром“ се уште не работи- 800 луѓе се на работ на егзистенција заради неисполнетите ветувања на Владата

Владата на СДСМ пред да дојде на власт ветуваше рестартирање на фабриката „Југохром“од Јегуновце која вработува околу 800 вработени. Имено, во 2017 година Кочо Анѓушев, вицепремиерот за економски прашања, во име на Владата, управителот на „Југохром Алзар“, Васко Скендеровски, и претседателот на синдикалната организација на „Југохром Алзар“, Бајрам Алити, потпишаа меморандум за изнаоѓање решение за надминување на состојбата на работењето на фабриката „Југохром Алзар“ од Јегуновце, односно набавување А-интегрирана еколошка дозвола, за повторно започнување со работа на фабриката, како и враќање на работниците на работа.

Лани министерот за животна средина Јани Макрадули изјави дека почетокот на производството ќе доцни бидејќи компанијата не ги исполнила превземените обврски а тоа е поставување на филтри на печките 7 и 8 кои заедно со системот на отпрашување кои се проценуваат на 12 милиони евра.

Инаку, фабриката се очекуваше да почне со работа на почетокот на Јуни во 2019 година и враќање на вработените на работа но се уште оџаците на„ Југохром“ не чадат.

Порталот Мета.мк пишува дека по одлуката на владата за обезбедување кредит од 1,5 милиони евра за комбинатот „Југохром“ од Јегуновце, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев при посетата на фабриката порачал дека комбинатот може профитабилно да работи, а работниците можат да ја гледаат својата егзистенција во „Југохром“.
– Преку одобрувањето на кредитот е постигнат договор за рестартирање на „Југохром“. Повторно ќе работаат најголемите печки, со што ќе се функционира со 50 отсто од капацитетот. Сметаме дека тоа е повеќе од доволно. Како услов за давање на кредитот беше прво сопственикот да ги инвестира своите средства, а потоа да се обезбедат средствата. Комбинатот мора да ги исполни еколошките стандарди, а Владата ќе помогне преку Македонската банка за поддршка на развојот, која ќе склучи договор со фабриката, за изградба на филтерска постројка за заштита од загадување- истакна Анѓушев за порталот Мета.мк.Исто така Анѓушев кажа дека „Југохром “ ќе се рестартира до Јуни 2019 година но ништо од тоа не се оствари.

Од неофицијални информации се дознава дека изградбата на долго најавуваните филтри која што требаше да се случи е стопирана поради фактот дека сегашниот газда на „Југохром“ нема пари да ја продолжи изградбата на истите.
Инаку , фабриката го сопре производството на 2-ри Ноември 2016 година бидејќи не се испрочитува рокот за изградба на систем за отпрашување со што 800 работници останаа без работа.

„Југохром“ учествува во вкупниот бруто домашен производ со еден процент, а од целокупниот македонски извоз од металопреработувачката индустрија 7% се легурите на комбинатот.

Коронавирус