вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 28
home Вести

„ЈП Лајка не демантира судир на интереси, ДКСК да поведе постапка и да утврди колку пари се испумпани со судир на интереси“

„ЈП Лајка не демантира судир на интереси, ДКСК да поведе постапка и да утврди колку пари се испумпани со судир на интереси“

ЈП Лајка не демантира судир на интереси, ДКСК да поведе постапка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-УО на ЈП Лајка е полна со луѓе кои се членови на управниот одбор, но и вработени или ангажирани во други институции кои даваат услуги на ЈП Лајка.

Савовски и Илиевски можат да влијаат на процесите и договорите за набавка и затоа или не треба да бидат дел од УО на ЈП Лајка или да не даваат услуги на претпријатието.

ДКСК да отвори случај и да провери колку пари се испумпани од ЈП Лајка преку судир на интереси.

Начинот на кој што работи ЈП Лајка е начин на кој што работи СДСМ, со судир на интереси и злоупотреба на парите на граѓаните, стои во партиската реакција.

Локални избори 2021