четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 174
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Вести

ЈП „Комунална хигиена“: Последните два месеца запалени и уништени 40 контејнери

ЈП „Комунална хигиена“: Последните два месеца запалени и уништени 40 контејнери

Во јануари и февруари 2019 непознати лица опожариле вкупно 40 контејнери на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, соопштија од јавното претпријатие.

Во текот на изминатите два месеца опожарени и целосно уништени биле вкупно 40 контејнери, наменети за собирање комунален отпад.

Покрај финансиската штета што му е нанесена на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, овие инциденти доведуваат до големи проблеми при одлагањето и собирањето на комуналниот отпад во градот.

Од овие причини ЈП „Комунална хигиена“ апелира да престане уништувањето на нивната опрема, за нивните екипи да можат навремено да ги извршуваат
своите работни обврски, согласно Оперативната програма за работа.

Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи и ќе бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите, се наведува во соопштението на ЈП „Комунална хигиена“.

Коронавирус