петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Јовица Страшевски: Дали важи законот и препораките на Владата за претседателот на Кривичен суд Иван Џолев?

Јовица Страшевски: Дали важи законот и препораките на Владата за претседателот на Кривичен суд Иван Џолев?

Адвокатот Јовица Страшевски упати отворено писмо кое го пренесуваме во целост.

Почитувани преставници на Судски совет, Министерство за правда, Министерство за внатрешни работи, Министерството за здравство, Обвинителство. Имам едно прашање до Вас:

ДАЛИ ВАЖИ ЗАКОНОТ И ПРЕПОРАКИТЕ НА ВЛАДАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КРИВИЧЕН СУД ИВАН ЏОЛЕВ?

Колега Џолев неколку збора и до тебе. Со твоето последно соопштение испратено во името на Кривичниот суд (твое бидејќи не сите судии се согласуваат со твојот став и јавно ги охрабрувам како тоа што го направи еден многу почитуван судија да кажат што мислат) , да се осврнам на денешното твое соопштение до јавноста (твое бидејќи секогаш се задскриваш зад соопштение од Кривичниот суд) и низ бројки да го разјасниме пред јавноста она сто повторно го кажуваш, а кое нешто е невистина.

1. Викаш дека има минимум 10 судења во текот на еден ден. Ајде да пресметаме. Ако има 308 приоритетни судења (како ги утврди и на кој начин тоа е друго прашање) секое е закажано минимум еднаш, а во најголем број по 2 или 3 пати. Во изминативе 30 дена од како е прогласена вондредна состојба, има 21 работен ден и ако се подели 308 со 21 нели е тоа поголемо од 10. А што се случува со барањата за притвор? Слабо математикава или некој манипулира?

2. Како може во една сала во судот каде најголемата е 150м2 да се обезбедат услови за 40 лица и притоа меѓу секој од нив да има разлика од 2м? Односно да се подели на 2 е 75м2 каде треба да се сместат 40 луге, па собери, помножи, подели, одземи, не излегува ништо по препораките на владата. Математика е егзатна наука и нема тука манипулации како што милуваш да кажеш

3. Те повикувам да присуствуваш на на сите наредни рочишта заедно со нас адвокатите, обвинетите, вработените во судот, судиите ,обвинителите, јавноста, преставниците на невладиниот сектор или ако неможеш на сите барем на поголемите рочишта по твој избор да се увериш дали помеѓу судиите и поротниците и другите учесници има 2 метри растојание и тоа да го пренесат медиумите.

4. Молам сите медиуми што беа присутни на денешните рочишта да објават слики или видеа или да потврдат или демантираат ова што го зборува Претседателот на Кривичен суд?

5. Медиумите, а најдобро Џолев да одговори на следниве прашања поврзани со денешните рочишта:
• Дали сите судии носеа маска и ракавици?
• Дали поротниците носеа маска и ракавици?
• Дали растојанието помеѓу судиите и поротниците беше 2м?
• Дали растојанието помеѓу обвинетите беше 2м?
• Дали растојанието помеѓу адвокатите беше 2м?
• И дали обвинетите кои се носат од притвор имаа заштитни мерки?

Еве еден пример за илустрација јас денес имав притворски предмет во основниот кривичен суд Скопје. Обвинетиот, мој клиент беше донесен без заштитна маска и ракавици, а и сами знаете во какви услови се во притворското оделение во Шутка. Ова лесно можат да го проверат и медиумите, но и јавно ги повикувам и МВР, Обвинителството и Судскиот совет да проверат на камерите во кривичниот суд дека ова што го пишувам е чиста вистина, секоја ваква грешка може скапо да чини човечки животи, загрозување на сите во судот, загрозување на цели семејства. Денес поднесов и поднесок во архивата и таму вработените во судот, иако преку шалтер го земаа поднесокот, немаа заштитни ракавици и маски и тоа може да се провери на камерите во судот, а се само да се задоволи желбата на еден човек претседателот на основниот кривичен суд Иван Џолев за кој поважно е да суди во епидемија на вирус прогласена во цел свет од здравјето на луѓето само за задоволување на сопствените хирови.

За илустрација сите соседни држави ги затворија судовите, Грција ги затвори сите судови, во Бугарија со одлука на Врховниот суд се одложија сите рочишта за минимум еден месец, Србија судовите судат само итни притворски предмети и прекршителина мерките од корона вирусот, САМО КРИВИЧНИОТ СУД ВО СКОПЈЕ И ИВАН ЏОЛЕВ ДРЖАТ СУДЕЊА.
Владата превзема мерки кои јавно ги презентира, но тие не важат само за претседателот на кривичен суд Иван Џолев,
Г-дин Џолев во која судница има растојание од 2м помеѓу судии, поротници, обвинители, обвинети, адвокати, медиуми, судски полицајци, затворска полиција, преставниците на невладиниот сектор???

Почитувани преставници на Судски совет, Министерство за правда, Министерство за внатрешни работи, Обвинителство, Ве молам стопирајте го самоволието на Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев. Не дозволувајте судот да биде жариште на Корона вирусот. Апелот на 75 адвокати кои Џолев ги навреди не го фрлајте во корпа, Ве молам добро анализирајте го и прифатете го.
ЗДРАВЈЕТО МОЕ НА МОИТЕ КОЛЕГИ, НА СУДСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА, ОБВИНЕТИТЕ, ОБВИНИТЕЛИТЕ, ПРЕСТАВНИЦИТЕ НА МЕДИУМИТЕ И НЕВЛАДИНИОТ СЕКТОР, СУДСКАТА ПОЛИЦИЈА, ЗАТВОРСКАТА ПОЛИЦИЈА Е ПОВАЖНО ОД ЕДЕН МЕСЕЦ ДА НЕМА СУДЕЊА ВО КРИВИЧНИОТ СУД.

На крај на ова мое соопштение г-дин Џолев

Јавно те повикувам да се извиниш на 75 адвокати меѓу кои сум и јас, кои едногласно се согласија и потврдија дека Кривичниот суд, каде си ти најодговорен, не ги почитува мерките на Владата. Никој од тие мои колеги никого не манипулира, туку сме само сериозно загрижени за нашето здравје, здравјето на нашите семејства, но и за сите присутвни во судниците

Меѓу тие 75 адвокати има повозрасни луѓе од Вас, кои можат по годините да бидат и ваши родители, кои не можете како ваши колеги да ги навредувате. Има поранешни претседатели на основниот суд, државни јавни обвинители, адвокати почиувани во фелата и пошироко за да вие едноставно криејќи се зад соопштение од основниот кривичен суд ги навредите дека се МАНИПУЛАТОРИ.

Но, тоа е друго прашање на совест, почит и воспитување.

Барам и повикувам најитно оваа навреда на 75 адвокати јавно да ја осуди и Адвокатската комора на Македонија.

Со почит,

Адвокат Јовица Страшевски

Коронавирус