понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 106
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Јовевски: Третиот сет мерки уште не е донесен, вториот сет мерки на Владата не е целосно имплементиран

Јовевски: Третиот сет мерки уште не е донесен, вториот сет мерки на Владата не е целосно имплементиран

Владата доцни со мерките за помош на стопанството, третиот сет мерки уште не е донесен со уредби, а вториот каска со практичната имплементација истакна професорот Лазар Јовевски во дебатната емисија „А што не е јасно“. Бројките кои професорот ги посочи за погодениот број на компании во Македонија се застрашувачки, според него 90 проценти од микро претпријатијата се диреткно погодени, односно 80 проценти од сите правни субјекти во Македонија се погодени од кризата која е резултат на пандемијата на коронавирусот.

-Бројките покажуваат нешто поинаку вие ги споменавте малите и средни препртијатија, микро претпријатија, 90 проценти од микро претпријатијата се погодени директно и не се знае колку од нив ќе преживеат на есен кога ќе се преброиме. Колку останале од тие претпријатија? Всушност околу 80 проценти од компаниите генерално во Македонија, од правните субјекти зборувам на сите нивоа се погодени од кризата. Од друга страна всушност се задолжуваме 1.7 милијарди евра од кои што 1.25 милијарди евра се задолжуваме од надворешни извори, а околу 500 милиони евра треба да се задолжиме за да го пополниме овој дефицит во буџетот кој што ќе треба да имплицира одредена санација на проблемите од домашни извори. 44 проценти од фирмите затворија во месец април и сега се обидуваат да рестартираат нешто во мај доколку можат, но гледаме дека бројот расте и денес на новозаразени и навистина е неблагодарно да се очекува од понеделник вторник дека ќе има некое рестартиранје, повторно во секторот на угостителство и туризам.

Коронавирус