среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 143
home Вести

Јовевски: СДСМ нема свои политики, ги продолжи политиките на ВМРО-ДПМНЕ

Јовевски: СДСМ нема свои политики, ги продолжи политиките на ВМРО-ДПМНЕ

Политиките кои ги спроведува сега Владата на СДСМ и вие министерке за труд и социјала се политики на ВМРО-ДПМНЕ, вие само ги превземавте и ги надградувате. Ништо не е ваше, и рече Лазар Јовевски, советник во ВМРО-ДПМНЕ на министерката за труд и социјала, Мила Царовска, на дебатата на телевизија Телма.

-Цело време се фалите со претходно спроведени мерки. Младите се најразочарани. Ни активни политики не ги задржуваат во државава. И тоа се должи не само на лошата економска состојба, туку и на тоа што воопшто  се случува во општеството, рече Јовевски.

За еден од чекорите како зголемување на минимална плата, Јовевски посочи дека немало образолжение кои се основите за одлуката.

-Ова и многу други работи ги правите сега пред избори без да го поткрепите, рече Јовевски.