четврток, 6. мај 2021. Вести денес: 197
home Вести

Јовевски: Петтиот пакет на мерки се задоцнети, работодавците алудираа на итна финансиска неповратна помош

Јовевски: Петтиот пакет на мерки се задоцнети, работодавците алудираа на итна финансиска неповратна помош

Лазар Јовевски, универзитетски професор и советник во ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „24 Анализа“ зборуваше за петтиот пакет на мерки поврзани со ковид кризата и посочи дека според него овие мерки се задоцнети од страна на власта.

-Доколку овој мубает го правевме ова време минатата година ќе можев со задоволство да кажев дека овој пакет на мерки ветува, меѓутоа тоа било во април 2020 година, сега сме април 2021 година, имаме историјат на одредени економски резултатите во текот на 2020 година и имаме одредена акутна состојба која треба да ја решаваме. Како и да е се соочуваме со еден период во кој ние од аналитичка призма се соочуваме со многу прашања и со многу дилеми. Од самиот премиер се постави дека има 860 милиони евра кои што ќе се употребени генерално до сега, потоа имавме изјава дека се над милијарда вклучени во стопанството, потоа Битиќи рече дека околу 350 милиони евра се вбризгани во стопанството во изминатиот период за да во одредено соопштение на СДСМ видовме дека станува збор за 704 милиони евра. Сакам да поентирам дека овие 160 милиони евра кои што сега се планираат да се внесат во стопанството е знак прашање дали тие ќе се внесат. Можат да констатирам дека овие мерки се задоцнети, рече Јовевски во своето гостување.

Јовевски во врска со надминување на кризата посочи дека работодавците алудирале дека им е потребна итна финасиска неповратна помош се со цел да се зачуват работните места и да опстанат компниите.

-Власта имаше прилика да ги слушне мислењата на стопанствениците, на работодавачите и тоа на кое се алудира од страна на работодавачите дека им е потребна итна финансиска неповратна помош во однос на сочувување на работните места и опстанокот на компаниите, рече Јовевски во своето гостување.

Најнови вести

Коронавирус