недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Јовевски: Нејасните мерки од страна на Владата доведоа до пад во економијата

Јовевски: Нејасните мерки од страна на Владата доведоа до пад во економијата

Лазар Јовевски, универзитески професор во своето гостување во емисијата 24 Анализа зборуваше за целата ситуација во Македонија каде посочи дека според неговите анализи над 50.000 граѓани ги изгубиле своите работни места од месец март до сега. Имено тој посочи дека четирите сета на мерки за спас на економијата не ги даде очекуваните резултатите и тоа се должи на нејасните мерки и разното толкување.

-Генерално според статистиката ние одиме со бројка 46.000 до 48.000 луѓе кои останале без работа од март месец до сега. Според моите анализи за жал е и малку поголема односно надминува над 50.000.Она што мене ме загрижува е тоа што имаме четири сета на мерки и се чини дека досега не ги даваме очекуваните резултати. Лично и мојот аналитички увид оди во таа насока. Разговарајќи и соработувајќи и со работодавачите и со синдикатите и со работниците кои поминуваат разни патешествија, одредени мерки беа нејасни, имаше разни толкувања па се менуваа одредени начини како да се употребат, до злоупотреба каде се земаа мерки, а не се даваа на вработените. Сето тоа создаде одредена конфузија на пазарот на трудот каде генерални економијата доживеа пад повеќе од 13%, рече Јовевски во своето гостување.

Коронавирус