среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 39
home Вести

Јовевски: Ќе воведеме рамен данок и ќе го стимулираме бизнисот, платите ќе се покачуваат за 25 проценти, а пензиите за 20 проценти

Јовевски: Ќе воведеме рамен данок и ќе го стимулираме бизнисот, платите ќе се покачуваат за 25 проценти, а пензиите за 20 проценти

-Мерките беа ненавремени, нецелисходни и не ефикасни во одредена смисла и контрадикторни. Се задоцни со носењето на мерките и премногу се чекаше, самите работодавачи, но и вработените и синдикатите укажуваат дека ефектот кој што го имаат е многу краток и не е тој очекуван ефектот кој што го очекуваше стопанството и синдикатите, изјави професорот Лазар Јовевски еден од стратешките соработници на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вклучување во дневникот на ТВ Сител за мерките на актуелната влада за справување од економската и здравствената криза.

Јовевски истакна дека мерката на владата за доделување на ваучер за годишните одмори на лица со најниски примања е збунувачка мерка бидејќи како што рече тој се стимулираат луѓе со најниски примања да одат на одмор кога знаеме дека тие имаат проблем со подмирување на животните трошоци.

-Одредени мерки се навистина збунувачки како на пример ваучерот за годишните одмори каде што се стимулираат најниските платежно способни граѓани да одат на одмор кога знаеме дека тие имаат проблеми со делот на подмирување на животните трошоци, егзистенцијални. Така што делот за годишен одмор е навистина малку чуден, инаку мерките требаше да одат во насока да се всушност стимулира бизнис секторот да не отпушта работни места, а не да отпушта, рече тој.

Според Јовевски третиот сет економски мерки на владата требало да го стимулира бизнис секторот со директни финансиски инјекции за да не дојде до отпуштања на работниците од работните места, но како што рече тој ние го добивме сосема спротивните резултати кои што се денеска видливи.

Ако ги гледаме целиот сет на мерки, а особено третиот сет на мерки тие во себе имаат одреден социјална компонента односно аспект кој што е во делот да ги санира последиците кои што се случија, а тоа е отпуштањето на работниците од работните места. Требаше да биде сосема поинаку, сосема спротивно барем според мене а тоа е да во делот на бизнис секторот со директни финансиски инјекции се стимулира бизнис секторот да не дојде во фаза да се отпуштаат работниците од работните места, а го добивме сосема спротивниот сет на мерки сосема спротивните резултати кои што се денеска видливи, вели Јовевски.

На прашањето што ќе направи ВМРО-ДПМНЕ за да се справи со падот на економијата и со невработеноста доколку ја формира владата Јовевски посочи дека фокусот на изготвување на проектот Обнова за Македонија е токму и тоа спречување на последиците и во делот на здравствената и економската криза, односно како што рече тој се предвидуваат сет на економски мерки кои што значат ребаланс на буџетот со кратење на сите средства за непродуктивни трошоци и насочување на дел од финансиските средства од буџетот во делот на капиталните инвестиции, но и воведување на рамниот данок и финансиска инјекција се со цел да се раздвижи економијата.

-Во тој дел се изготвија голем број на проекти во чие изготвување учествуваа голем број на експерти од самата партија, но и над партиски експерти од кои и јас и можам да кажам дека фокусот на тоа беше на спречување на последиците и во делот на санирање на последиците од ова што се случува сега како здравствена и економска криза. И се предвидуваат сет на мерки меѓу кои најнапред, веднаш би требало да се направи еден ребаланс на буџетот со кратење на сите непродуктивни и непотребни трошоци и насочување на дел од финансиските средства во буџетот во делот на капиталните инвестиции.

-Понатаму воведувањето на рамниот данок кој што ќе го стимулира бизнис секторот, вложување во одредени сектори како што е градежништвото кое што ќе треба под итно со директни финансиски инјекции да се стимулира раздвижувањето во економијата и тоа на краток рок зборуваме за неколку месеци. А што се однесува пак  оној преоден период зборуваме за летот период до рана есен, некаде септември се изготвија сет на мерки кои што ќе мора сега да бидат одговор на овие мерки кои што претходно ги донесе владата, а тоа е воведување на финансиска помош за оние кои што остана без работа од 200 евра, за оние кои што се со минимални примања од 100 евра, за оние кои што не беа опфатени со владините мерки до сега од 150 евра.

-Многу важна мерка е укинувањето на обврската да фирмите доколку остварат профит до крајот на годината да враќаат 50 проценти од средствата кои што до сега ги земаа како помош од страна на државата. Значи тоа ќе се укине воопшто и тука самата финансиска помош ќе треба да биде буквално еден вид на неповратна помош од страна на бизнис секторот, објасни Јовевски.

На прашањето како ВМРО-ДПМНЕ ќе ја реализира мерката зголемување на платата за 25 проценти, Јовевски истакна дека тоа е можно со добра економска програма, економска платформа и директни инвестиции во првите 100 дена.

-Со добра економска програма, со добра економска платформа, со директни инвестиции во првите 100 дена од три огромни мултинационални компании кои што ќе донесат свежи пари во бизнис секторот, но и нови работни места, со заживување на економијата во третиот и четвртиот квартал кои што ќе овозможат од следниот период а тоа е веќе од следната година да реално зборуваме за покачување на пензиите значи сукцесивно да почнеме веќе од следната година со најмалку 5 проценти а 20 проценти за овие 4 години, платите за 25 проценти. Во јавниот сектор мора да се почитуваат колективните договори, а особено они кои што ги потпишала државата бидејќи со нивното почитување веднаш значи дека платите ќе растат пред се во образованието, вели Јовевски.

 

Коронавирус