петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 122
home Вести

Јовески: Обвинителството ќе ги разгледа предметите на СЈО, а Советот ќе одлучи за специјалните обвинители

Јовески: Обвинителството ќе ги разгледа предметите на СЈО, а Советот ќе одлучи за специјалните обвинители

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески очекува обвинителството наскоро да ги презеде и разгледа предметите на СЈО, за да се констатира во која фаза стигнале, пренесува Алсат М.

„Првиот чекор е преземањето на предметите, а потоа согласно законот, Јавното обвинителство ќе ги разгледува предметите според своите надлежности. Очекувам тоа да се случи наскоро.“вели за Алсат М.

Воедно, тој додава дека после 15-ти септември Советот на јавни обвинители е надлежен да одлучи дали специјалните обвинители треба да се вратат во матичните обвинителства.

Коронавирус