среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

Јовчески од средба со стопанствениците: Отворање на нови работни места и нови инвестиции гарантираат прогрес

Јовчески од средба со стопанствениците: Отворање на нови работни места и нови инвестиции гарантираат прогрес

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Борче Јовчески, градоначалник на општина Прилеп денес остварија работна средба на иницијатива на локалната самоуправа на Општина Прилеп во соработка со регионалната стопанска комора којашто покажа навистина голема заинтересираност.

„Се уверивме за тековните проблеми со коишто се соочуваат секојдневно во доменот на нивното делување.

Перспективата на локалната самоуправа ја гледам во соработка и развој преку локалната економска соработка која би била голем прогрес како отворање на нови работни места и нови инвестиции. Се во интерес на граѓаните на општина Прилеп.

Ова прва ваква средба, но во иднина ќе се потрудам да премине во континуирано, почесто и секој месец да имаме средба во интерес на општината„ – истакна тој.

Коронавирус