недела, 11. април 2021. Вести денес: 118
home Вести

Јовановски: Минатата и оваа година се лет во место во однос на случувањата со економијата во државата

Јовановски: Минатата и оваа година се лет во место во однос на случувањата со економијата во државата

Зоран Јованоски од Стопанска комора на Македонија во своето гостување „Топ Тема“ зборуваше за економската состојба во државата и посочи дека оваа година нема да се заврши на нивото каде што беше македонската економија во 2019 година.

Според него минатата и оваа година се лет во место во однос на економијата.

-Една работа која ќе се потврди е она и што се очекуваше и пред да почне оваа година, а тоа е следното. Ние на крајот на 2018 година бевме на одредено ниво, потоа се случи 2020 година со пандемијата каде што ние регистриравме пад. Оваа година дел од тој пад ние би требало да го компензираме односно да имаме економски раст. Но ние најверојатно на крајот и од оваа година нема да се вратиме на нивото каде што бевме на крајот од 2019 година, тоа значи дека минатата година и оваа година ни се на одреден начин што би се рекло лед во место во однос на случувањата во економијата, рече Јовановски во своето гостување.

Тој во своето гостување укажа дека бавното оздравување во економијата ќе има одредени импликации во буџетот.

-За самото министерство за финансии ваквото побавно од очекуваното заздравување мислам дека ќе има одредени импликации на буџетот односно министерство ќе мора да биде внимателно и да размислува околу остварувањата на приходите дали тие ќе се остваруваат како они замислувале, додаде тој.

Коронавирус