четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 141
home Вести

Јовановски: Јас никогаш не би гласал за Законот за јазици затоа што задира длабоко во унитарноста на мојата држав

Јовановски: Јас никогаш не би гласал за Законот за јазици затоа што задира длабоко во унитарноста на мојата држав

Ако се има во предвид што содржи Законот за јазици и што е целата позадина на тој Закон за јазици тогаш јас лично никогаш не би го гласал тој закон затоа што задира длабоко во Унитарноста на мојата сопствена држава во која јас сум пораснал, сум живеел и сеуште живеам, рече пратеникот Крсто Јовановски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Алфаскоп“.

Јовановски констатираше дека ако Законот за јазиците има лоша перспектива за државата тогаш ниеден политички врв нема да го натера да гласа за тој закон.

-Ако вие туркате еден закон кој треба да биде јазик, покрај македонскиот втор јазик во нашата држава и приота да го браните тој закон со казни ако не се изучува и ако тој закон носи лоши перспективи за нашата држава, тогаш јас незнам која е тој политички врв што ќе ме натера да гласам обратно од принципите. Ние кога гласаме во Собранието, ние гласаме за доброто на граѓаните, потенцираше Јовановски.

Тој рече дека Законот за јазиците е остварување на уште една точка од Тиранската Платформа која е прифатена во целост од СДСМ.

-Знаете законот како беше донесе, првин со тоа европско знаменце, на мала врата и така натаму, со сила. Иако господинот Хан рече дека тоа не е приоритет нити пак тоа е многу важно во овој момент за европските перспективи во македонија, беше искористен за европското знаменце, беше сменета комисијата на која требаше да се дискутира. Тоа се доволно индикатори да ти покажат дека тој Закон за јазици на „криминален“ начин влезе во Собрание и на „криминален“ начин сака да се изгласа. Но со текот на периодот додека ние разговаравме дека тој закон е еден од точките во Тиранската Платформа заради која нели и се направи ова парламнтарно мноинсво бидејќи СДСМ ја прифатија во целост тие тврдеа дека нема такво нешто во изминатиов период а сега гледаме дека има и тоа на голема врата, истакна Јовановски.

 

Коронавирус