понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Јовановски до Богоевски: Имаш ти Павле проблем со идентитетот, дали кога фарбаше и велеше „нема правда нема мир“, знаеше дека ќе се викаме Северна ?

Јовановски до Богоевски: Имаш ти Павле проблем со идентитетот, дали кога фарбаше и велеше „нема правда нема мир“, знаеше дека ќе се викаме Северна ?

Поранешниот пратеник на од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Јовановски, вечерва во дискусија на Телевизија 24, во дискусија во поранешниот пратеник Павле Богоевски којшто си даде оставка од пратеничкото место заради скандалот со наводни нарачки за незаконски супстанции, го праша дали кога фарбаше и велеше дека „нема правда нема мир“, знаеше дека ќе се викаме Северна Македонија.

Јовановски вели дека со оваа постоечка судечка номенклатура во државава, доколку судии бидат некои други, господинот Богоевски јас сум сигурен дека ќе излезе на улица да вели „Нема правда нема мир“,

Ако сега се вратиме на „Нема правда нема мир“ и на фарбањата низ Скопје, дали тој тогаш знаеше дека ќе го смениме името во Северна Македонија ? Дали му беше јасно што значеше „Додека дишам нема да го сменам името“, дали знае дека претседателот на државата велеше „јас ќе му исечам рацете на оној којшто ќе го смени името“ за каква фарса ние сега зборуваме ? – Јовановски во остра реплика кон Богоевски.

-Кога се правеа математики, кој и како и колку ќе гласа за да се смени името и ако тие луѓе не беа амнестирани по 15 години во затвор дали ќе имаа 81 пратеник за да го сменат Уставот и кои ќе беа тие пратеници кои ќе гласаа за промена на името? Тука има многу заврзлами, истакна Јовановски.

Тој рече дека ние попат сме се изгубиле себеси во желбата да направиме нешто повеќе, и да се удираме во гради за нешто што не сме го направиле. Цената којашто ја плаќаме за промената на името и за се она што ни се случува до ден денешен откако го направија тоа е многу скапо, вели Јовановски.

Јовановски вели исто така дека не гледа никакво подобрување, напротив гледа само назадување, и смета дека со ова се подели народот,а земајќи во предвид дека референдумот не беше успешен, што беше констатација на ДИК.

Коронавирус