петок, 3. јули 2020. Вести денес: 132
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Што мисли Заев за Црвенковски и колку е Заев богат?

Во живо

Мицкоски на средби со граѓани во Шуто Оризари

home Вести

Јовановски: Дел од тие луѓе коишто беа прогласени за „терористи“ беа амнестирани и гласаа за промена на Уставот

Јовановски: Дел од тие луѓе коишто беа прогласени за „терористи“ беа амнестирани и гласаа за промена на Уставот

На вечерашната дебата на 24 Телевизија помеѓу поранешните пратеници Павле Богоевски и Крсто Јовановски, Јовановски посочи дека наводното „терористичкото дејствување“ за 27-ми април е измислено, затоа што луѓето коишто беа „терористи“ беа амнестирани и гласаа за промена на Уставот.

-Не верувам во тоа, измислено е „терористичкото дејствување“ за 27-ми април. Дел од тие луѓе коишто беа „терористи“ беа амнестирани и гласаа за промена на Уставот. Тоа значи дека тие во истиот момент додека беа амнестирани престанаа да бидат „терористи“. На два милиони луѓе во Македонија толку многу луѓе ли беа „терористи“ , тоа е огромна бројка на „терористи“, истакна Јовановски.

Тој вели: “Тоа е нон сенс, глупост и не може да му се верува на истото, смислено сценарио да, но од кого ќе видиме“.

Парламентарни избори 2020