петок, 4. декември 2020. Вести денес: 15
home Вести

Јовановски: Бугарите се почесто на Македонија ќе и велат, ајде да ги решиме историските прашања ако сакате во ЕУ

Јовановски: Бугарите се почесто на Македонија ќе и велат, ајде да ги решиме историските прашања ако сакате во ЕУ

Бугарија е во предност, тие се членка на ЕУ, а ние треба да почнеме преговори со ЕУ, има 30-тина поглавја во преговорите и има шанси да не блокираат. А сега јасно е дека од Македонија се бара да се откаже од македонско малцинство во Бугарија, а со тоа и од именувањето на македонскиот народ како македонски, и ова е составен дел на заклучоците на Советот на Европската унија. Во овие заклучоци јасно стои дека изјавата на бугарската делегација е составен дел од одлуката, рече професорот Далибор Јовановски од Катедрата по историја на Филозофскиот факултет во Скопје, познавач на македонско-грките оддноси, како и на македонско – бугарските односи, во своето гостување на емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.

Според него помеѓу Грција и Бугарија постои ривалитет како да го наметнат своето влијание во Македонија.

-Се води и тивка борба за позиционирање во Македонија. На пример, Бугарија се бунеше што грчкото воено воздухоловство го обезбедува македонскиот воздушен простор, Грција е помоќна држава на секое ниво, и сега ако Грците се поприсутни и со капитал и со обезбедување на воздушниот простор, а Бугарите не сметаат за нивни нераздвоен дел и од нивната историја, значи во прашање се геополотички интереси, рече Јовановски.

Бугарија се почесто ќе ја опоменува Македонија.

-Се почесто во иднина ќе инстистираат на тоа да се решат историските прашања и ќе ни велат дека тоа е важно за да одиме побрзо кон ЕУ. Но, тука ќе треба многу внимателно, рече Јовановски.

Коронавирус