четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Јовановски: Бугарија никогаш не го признавала македонкиот јазик и народ, а сега тој став е вклучен во документ на ЕУ

Јовановски: Бугарија никогаш не го признавала македонкиот јазик и народ, а сега тој став е вклучен во документ на ЕУ

Апсолутно е очекувано ова што сега се случува, ова што официјална Софија го прави кон Македонија. Одамна кажувам дека за Бугарија постои само македонска држава и одродени македонски Бугари кои направиле нација во 1944 година со помош на Јосип Брзо Тито, рече професорот Далибор Јовановски од Катедрата по историја на Филозофскиот факултет во Скопје, познавач на македонско-грките оддноси, како и на македонско – бугарските односи, како и член на Мешовита комисија Македонија – Грција.

Во своето гостување на емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа тој стави акцент на заклучоците од Брисел за Македонија за кои се говори дека се дел од бугарскиот план да се доведе до поништување на Договорот меќу Македонија и Бугарија и потпишување на нов договор со кој ќе се поништи македонскиот идентитет.

-Бугарската влада со документот, тн. рамковна позиција од 2019 година најави кои се нејзините услови за поддршка за членство на Македонија во ЕУ, а и бугарскиот парламент на истата тема донесе и декларација со огромно мнозинство. Нашите бугарски пријатели не обвинуваат дека сме под влијание на Србите, но не се запрашале зошто и покрај распадот ана СФРЈ кој беше пред 30 години, а младите знаат повеќе за Србите, Хрватите, Босанците. А ако сме блиски народи тогаш зошто постојано ни кажуваат дека сме одродени Бугари, не обвинува за фалсификување на историја и говорат за европски вредности, а не постијат европски вредности, постојат постојат човечки вредност, вели Јовановски.

ЕУРО 2020

Македонија