петок, 16. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Јовановски: Ако кажам дека Ременски е крива за Меѓународниот сојуз, ќе ме пуштите ли?

Јовановски: Ако кажам дека Ременски е крива за Меѓународниот сојуз, ќе ме пуштите ли?

Половина час пред судот првообвинетиот за „Рекет“, Бојан Јовановски образложува зошто треба да му биде заменета мерката притвор со домашен. Тој случајот го нарекува „трагично кривично правен предмет, трагично наречен Рекет“.

-Лица кои се вклучени во оваа постапка слободно се шетаат, а тука некој си игра правда над мене.Сакате да постапам како Милески, да кажам Катица Јанева е крива и да ме пуштите? Или да кажам Ременски е крива за Меѓународен сојуз?, рече Јовановски, на што реагираше обвинителката Вилма Русковска, а Јовановски и рече: „Не се дери, не мора да ги покажувате вашите гласовни способности”.

-Мојата здравствена состојба е шпанска серија. Не можам да го реализирам мојот хигиенско диететски режим. Ете, отстранети се сомнежите за малигнитет и тоа е среќна вест, но мене ми треба посебна исхрана, не можам тоа да го правам во затворска келија, рече Јовановски.

Судијката Васка Николовска Масевска го ислуша Јовановски, по што рочиштето беше завршено.

Коронавирус