недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Јовановиќ: Новата министерка за финансии е без искуство и експертиза од областа

Јовановиќ:  Новата министерка за финансии е без искуство и експертиза од областа

Во денешната емисија „Што не е јасно “ на телевизија Алфа гостуваше Бранимир Јовановиќ професор и поранешен советник во Министерството за финансии.

Бранимир кажа дека минитерката за финансии Нина Ангеловска е донесена директно од стопанската комора каде исто така членува и актуелниот вице премиер.

Имено , Јовановиќ потенцираше дека новата министерка за финансии е без искуство и без знаење односно експертиза од областа на финансиите.

-Имате нова министерка без искуство и без знаење , експертиза од областа и директно од Стопанска комора значи од раководство на Стопанска Комора се инсталира да биде министерка за финансии во исто време кога вице-премиер во владата е повторно од таа иста Стопанска комора додаде Јовановиќ