сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 78
home Вести

Јовановиќ контра Владата: Зошто не смее да се одложи оданочувањето на капиталните добивки од хартии од вредност и доходот од камати

Јовановиќ контра Владата: Зошто не смее да се одложи оданочувањето на капиталните добивки од хартии од вредност и доходот од камати

Зошто Владата НЕ СМЕЕ ДА ГО ОДЛОЖИ оданочувањето на капиталните добивки од хартии од вредност и доходот од камати:

1. Со одложувањето би се пратила јасна порака дека ВЛАДАТА РАБОТИ ЗА БОГАТИТЕ, спротивно на она што се прокламираше изминативе години. Со кое морално право ќе ги ослободите од данок оние кои прават пари од тргување со акции и од чување огромни депозити во банка, а ќе ги даночите, на пример, текстилните работнички кои мака мачат за да извадат минималец?

2. Со одложувањето СЕ ОДИ СПРОТИВНО НА ПРАКСИТЕ ВО ЕУ. Скоро и да нема ЕУ земја во која не се оданочуваат капиталните добивки и каматите. Европските интеграции не значат само одење по состаноци и сликање, тие значат и прифаќање на европските пракси, колку и да не им одговараат тие пракси на поединци од власта.

3. Оданочувањето на доходот од камати се однесува само на ИЗНОСОТ НА КАМАТИ КОЈ НАДМИНУВА 250 ЕВРА годишно. Со денешните каматни стапки од околу 1%, тоа значи дека сите штедни влогови под 25.000 евра се веќе ослободени од оданочување. Тоа исто така значи и дека ако некој оствари камата од 300 евра, ќе плати данок само на износ од 50 евра, односно, ќе плати данок од 15%*50 евра, односно, 450 денари.

4. Со одложувањето на оданочувањето, државата ќе остане без неколку милиони евра приходи во буџетот, што значи ќе има НЕКОЛКУ МИЛИОНИ ЕВРА ПОМАЛКУ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ, ЗДРАВСТВО и други јавни услуги.

5. Оданочувањето на капиталните добивки и каматите беше одложувано неколку пати во минатото, секогаш под истиот изговор, за поддршка на берзата и банките. Доколку и имало вакви ефекти, тие се веќе исцрпени. Натамошно одложување на оданочувањето НИТУ ЌЕ ЈА ЗАЖИВЕЕ БЕРЗАТА, НИТУ ЌЕ НАПРАВИ БАНКИТЕ ДА ДАВААТ ПОПОВОЛНИ КРЕДИТИ., напиша на својот Фејсбук профил Бранимир Јовановиќ.

Коронавирус