четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Вести

Јованчев: Собраниската комисија за финансирање и буџет се претовори во комисија за задолжување

Јованчев: Собраниската комисија за финансирање и буџет се претовори во комисија за задолжување

Нова недела, нов ден, нова комисија за финансирање и буџет и ново задолжување. Слободно можеме оваа комисија за финансирање и буџет, да ја наречеме комисија за задолжување бидејќи ако се направи ретроспектива на комисиите кои се поминати може со сигурност да заклучиме дека голем дел од седниците се однесуваат на задолжувањето, на земање на кредити, вели пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Јованчев во денешното гостување во Утрински брифинг на Слободен печат.

Јованчев посочи дека денеска има седница на собраниската комисија за финансирање и буџет, додавајќи дека слободно може да се каже дека оваа комисија е всушност за задолжување биде било планирано ново задолжување од 46 милиони евра од Светска банка.

– Имаме ново задолжување на Република Македонија кај Светска банка од 46 милиони евра, а 4 милиони евра се грант. Со овој закон се предлага да се изградат два откупни дистрибутивни центри во Струмица и Ресен и од овој закон според нас како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ нема да видат земјоделците, земјоделските стопанства, туку ќе имаат бенефити одредени групации на луѓето, истакна тој.

Јованчев додаде дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи за граѓаните поддржувајќи ги законите кои се токму во интерес на граѓаните.

– Пратеничката група ќе ги поддржи и ќе ги гласа сите закони кои се во интерес на граѓаните на Република Македонија, рече Јованчев.

Коронавирус