петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 147
home Вести

Јованчев: Новиот заем на владата од 90 милиони евра ќе се користи за партиски вработувања

Јованчев: Новиот заем на владата од 90 милиони евра ќе се користи за партиски вработувања

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Јованчев е против новото задолжување на владата од 90 милиони евра. Тој се сомнева дека овие средства ќе се користат наменски, затоа што ќе се употребуваат за партиски вработувања.

-Сакам да прашам едно, дали во АД МЕПСО техничкиот директор кој е на возраст на 67 години преку овие државни средства си ја вработи својата ќерка и тоа како советник во кабинетот на неговиот другар заменик генерален директор. Ова има врска со трошење на државните пари бидејќи се сомневам дека истите овие средства кои што ќе ги позајмите ќе ги трошите строго наменски. Праксата на оваа старо нова влада и во минатото тоа го покажало, рече Јованчев од собраниската говорница.

Коронавирус