сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 73
home Вести

Јованчев: Лозарите се изманипулирани и излажани, лозјето скапува по нивите

Јованчев: Лозарите се изманипулирани и излажани, лозјето скапува по нивите

Владата на СДСМ и Зоран Заев ги опустошија лозарите. Иако ветуваа дека целото грозје во Тиквешијата ќе се откупи по минимум лански цени, во овој момент можеме да заклучиме дека лозарите се целосно изманипулирани, излажани и оставени на цедило од оваа ненародна и мафијашка власт, истакна на денешната прес-конференција Зоран Јованчев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочува дека милиони килограми на грозје од сортата вранец кои се наоѓаат на стотици хектари лозови насади во моментов се необрани и скапуваат по нивите.

-Лозарите се оштетени со илјадници евра по домаќинство. Оваа година им се случува целосен економски колапс. Има фамилии на кои главната егзистенција им е лозарството. Во наредниот период стотици фамилии нема да имаат средства за да егзистираат воопшто, а најверојатно нема да можат да ги подмират и долговите кои ги имаат направено спрема земјоделските аптеки и водостопанство во оваа реколта. Пред дваесет дена кога се гласаше за избор на новата влада, на новото собраниско мнозинство му предложив под итно да се закажи собраниска седница на која ќе разговараме за проблемите во лозарството, меѓутоа нивниот шеф Зоран Заев во реплика ме убедуваше дека целото грозје ќе се откупи по лански цени, но Зоран Заев не би бил тој доколку тоа што го вети го реализира. Не знам веќе по кој пат ги излажа, па малку му беше што ги излажа на собраниска говорница, туку минатата недела дојде во Кавадарци и гледајќи ги во очи лозарите ги излажа, ги изманипулира и со своите постапки целосно ги уништува измачените и напатени лозари, нагласува Јованчев.

Во една од винариите блиска до власта грозјето од сортата вранец се откупува за седум и пол денари, а Смедеревката за шест и пол денари. Тоа е животот за сите кои им го ветуваа на лозарите во предизборието, а сега го реализираат на дело.

Затоа почитувани граѓани, оваа ненародна власт мора да си замине што поскоро за да повторно лозарите се чувствуваат сигурно и кога ќе дојде бербата на грозјето да биде празник за сите, а не да не знаат кој пат да го фатат. На лозарите и сите земјоделци главна обврска треба да им биде да направат добро произвоство, а на Владата треба да им биде обврска да им овозможат услови на сите земјоделци без проблем со пристојни цени да го продадат својот род. Со оваа ненародна власт, пристојните цени и сигурниот пласман се само утопија.

Коронавирус