среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 30
home Вести

Јованчев: ЕЛЕМ го испразни ХЕЦ Тиквеш, нивото на водата е доведено на мининум, под знак прашалник е и сезоната за наводнување

Јованчев: ЕЛЕМ го испразни ХЕЦ Тиквеш, нивото на водата е доведено на мининум, под знак прашалник е и сезоната за наводнување

Ова што го гледате позади мене некогаш беше Тиквешко езеро. Денес личи на се само не на езеро. Колку треба да си нечовек за да направиш ваква катастрофа. Со месеци акумулацијата Тиквеш е на катастрофално ниско ниво. Во прашање е доведен опстанокот на живиот свет во езерото. Сопствениците на рибниците секојдневно се во паника дали поради ниското ниво на езерото и недоволна количина на кислород рибниот фонд можно е целосно да изумри, обвинува пратеникот Зоранчо Јованчев.

Во продолжение следува интегрален текст од неговата прес-конференција:

За туризмот воопшто и да не збориме. Со месеци на езерото речиси и да не дошол човек од страна. Сопствениците на викендиците секојдневно ми се јавуваат и реагираат поради тоа што некои не можат да пристапат до нив.

И сето тоа само поради неспособноста на менаџерите на електрани на Македонија кои поради тоа што не можат да обезбедат доволно електрична енергија за граѓаните на Македонија секојдневно ја користат акумулацијата Тиквеш за да ја надокнади дневната потрошувачка и на тој начин го празнат езерото.

Но, почитувани граѓани,она што посебно  не загрижува жителите на општините Кавадарци,Неготино,Демир Капија,Росоман и Градско е тоа што во прашање е доведена поливната сезона која треба да започне за 20 дена. Осум до десет илјади хектари се под опасност поради немање на доволно вода. Во овој момент нивото на езерото е на три метра под долниот праг на тунелот низ кој протекува водата за наводнување, а кој што се гледа на сликите како е далеку од нивото на водата, или да  бидам поточен за да почне поливната сезона нивото на езерото за помалку од дваесет дена потребно е да се покачи најмалку 7 метри. Дали на овој начин владата на Заев преку ЕЛЕМ сака да ги уништи земјоделците?

Затоа апелирам. ЕЛЕМ веднаш да го сопре производството на електрична енергија од акумулацијата Тиквеш и во Црна река да пушта само одредена количина на вода потребна за биолошки минимум. Во спротивно доколку на 15ти април не биде обезбедна потребната количина на вода за наводнување,многу луѓе ќе одговараат. Нема да има сила која би ги заштитила од евентуалната штета која би ја направиле на земјоделците.

Затоа господа од власта иако ви се одбројани деновите во вашите удобни фотелји ве повикувам и ве предупредувам веднаш да почнете да го враќате Тиквешкото езеро во онаа состојба која што сите го знаеме.

Локални избори 2021