понеделник, 27. септември 2021. Вести денес: 196
home Вести

Јованчев до СДСМ: Поради вашата неспособност Македонија бележи најлош економски резултат споредбено со земјите од регионот

Јованчев до СДСМ: Поради вашата неспособност Македонија бележи најлош економски резултат споредбено со земјите од регионот

Република Македонија е со негативна стапка на раст од -4.5% во 2020-тата година, и беше земја со најлош економски резултат споредбено со земјите од регионот. За илустрација Србија заврши со рецесија од само -1%, додека Албанија со -3.3%. се поставува прашањето дали во овие земји немаше корона вирус, запраша Зоранчо Јованчев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на собраниската седница.

Јованчев додаде дека и во земјите во регионот имаше корона вирус, но властите таму подобро се справуваа и со вирусот и со економијата.

-Таму во регионот имаше одговорни влади кои што работеа и се грижеа за стопанството, за економијата, за граѓаните. Но, за разлика од тие земји кај нас во Македонија имавме Влада која што од Стејт Департментот е прогласена за најкорумпирана влада во регионот, посочи Јованчев.

Јованчев укажа дека Република Македонија е со негативна стапка од 1.9%, и е земја со најлош резултат во првиот квартал од 2021 година. Република Македонија има најмал прилив на странски директни инвестиции во 2020-тата година споредбено со целиот регион. Приливот на странски директни инвестиции во 2020-тата година изнесува околу 270 милиони евра наспроти Србија во која што истата година има прилив на странски директни инвестиции 3.4 милијарди евра. Албанија има од 1 милијарда евра. Црна Гора од 529 милиони евра итн.

-Република Македонија има најголем раст на јавниот долг, до 55.000 лица се невработени односно останаа без работа од почетокот на кризата. Околу 6.200 компании ставија клуч на вратата. А, кога зборуваме за инфлацијата во мај 2021 година стапката на инфлација изнесува 3%, рече Јованчев.

Коронавирус