среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 77
home Вести

Јосифовски: На 10 дена до почетокот на учебната година, градоначалничката Петровска остави 9 училишта без струја а превозот за учениците се уште не е регулиран

Јосифовски: На 10 дена до почетокот на учебната година, градоначалничката Петровска остави 9 училишта без струја а превозот за учениците се уште не е регулиран

Неработењето на Наташа Петровска почна силно да се рефлектира врз нас младите. На 10 дена до почетокот на учебната година девет училишта немаат струја, а задолжителниот бесплатен превоз за учениците се уште не е регулиран, изјави на прес-конференција Марко Јосифовски од ВМРО-ДПМНЕ и додаде:

„Почитувана Градоначалничке, Ние од Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ  Ве прашуваме:

1.Дали е тоа животот кој требаше да дојде во Битола?

2.Дали проблемите на младите ги искористивте за добивање на политички поени како наша довчерашна професорка?

3.Дали е тоа иднината која ни ја ветувавте и дали целосното нарушување на образовниот процес е максимумот што можете да го направите?

После безмалку една година локална власт и две години централна, вие само ни кажувате дека немате решение за проблемите.“

-Градоначалничке, од животот кој ни го нудевте мислам дека доволно видовме. Најдобро што можете да направите за нас младите е што поскоро да ја прекинете оваа фарса и да си поднесите неотповиклива оставка, ако се уште во Вас и во вашите соработници постои грижа на совест, додаде Јосифовски.

 

Коронавирус