вторник, 7. јули 2020. Вести денес: 117
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Јошевска Анастасовска: Ниту еднаш Катица не објасни на јавноста што тоа ќе биде ОК

Јошевска Анастасовска: Ниту еднаш Катица не објасни на јавноста што тоа ќе биде ОК

Вечерва во емисијата „Што не е јасно“ гостуваше адвокат Сузана Јошевска Анастасовска при што посочи дека во текот на судењето на Катица Јанева не се дозна ништо од нејзе тоа што ќе биде ОК, што се слушаше во снимката која што беше објавена. Единствено Катица Јанева се правдаше и ја разубедуваше јавноста за СЈО и нејзината улога во СЈО.

„Јас не можам никако да најдам разбирање за тоа што зашто Катица Јанева не одговори на некои прашања кои што беа клучни за да можеме да ја разбереме нејзината позиција, нејзината одбрана, кои работи се случувале за да можеме да сфатиме што всушност се случувало. И беше дадена можност и самата да даде исказ, а таа времето го потроши на тоа да не разубеди дека дала се за СЈО и дека го основала СЈО. И дека оставила големо наследство“, појасни Јошевска Анастасовска.

Јошевска Анастасовска додаде дека денес во завршните говори не се слушна ниту еден одговор на прашањето што всушност се случувало, или тоа нејзиното што ќе биде „ОК“.

„Бидејќи на снимката еиднствено нејзе што ја слушаме, каде што ние најмногу можевме да направиме некаква поврзаност помеѓу неа и другиот обвинет и фамилијата Камчеви е дека таа на тој троен разговор вели – „Се ќе биде ОК“. Ние не добивме одговор што ќе биде ОК“, истакна Јошевска Анастасовска.

Парламентарни избори 2020